Македонија
„Прва Лего Лига“: Над 100 деца се натпреваруваат со свои иновативни решенија
Над 100 деца денеска во Штип се натпреваруваат на првиот државен натпревар „Прва Лего Лига“ за деца од 9 до 16 години што е меѓународна мултидисциплинарна истражувачка програма која ги инспирира младите луѓе да истражуваат во науката и да решаваат реални проблеми.
Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски истакна дека преку вакви активности и младите од најрана возраст покажуваат интерес за новите технологии и дигитални вештини.

„Живеете и учите во време кога дигитализацијата и новите технологии постојано се менуваат, се надградуваат, и секој ден има нов пронајдок што го менува изгледот на светот. Ова беше незамисливо во времето кога учев јас. Оваа предност мора да ја искористите“, порача Манчевски.
Министерот додаде и дека само преку најновите технологии може да се придонесе за економскиот и социјалниот напредок во дигиталната ера, а таа цел може да се постигне само со вложување во најмладите.
Фондот за иновации и технолошки развој има посебна програма наменета за младите и ќе продолжи да дава поддршка на вакви иницијативи и активности рече директорот Јован Деспотовски.

„Навистина сум среќен што сум денес на отворањето на Првата Лего лига во Македонија. Поддршката што ФИТР минатата година ја даде на еден тим ученици од Кочани за учество на глобален натпревар во САД еве веќе се проширува и прераснува во национален натпревар, со над 100 учесници. Фондот наскоро ќе излезе со нова иницијатива за развој и поддршка на
талентирани деца,“ најави Деспотовски.
Инаку натпреварот е во организација на Факултет за информатика при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, а учествуваат 10 тимови од Кочани, Виница, Струмица, Скопје и Штип. Тимовите кои ќе ги освојат првите две места ќе одат на регионалниот натпревар што ќе се одржи во Целје, Словенија на 16 март 2019 година. Натпреварите од оваа лига се организираат во целиот свет, а оваа година учествуваат околу 40,000 тимови од 98 земји. Факултетот лиценцата за натпреварот ја доби од својот партнер „Завод Супер
Главче“ од Словенија, кој е одговорен за овој регион.
Оваа година темата на проектот е „ВО ОРБИТАТА“ а тимовите имаат задача да идентификуваат физички или социјален проблем со кој луѓето се соочуваат за време на нивното долгорочно истражување на вселената во нашиот Сончев систем, како и да предложат решение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 12:00 часот, корисниците на улиците: Урош Џудовоќ, Осло, Будимпештанска, Лубица Георгиева (Општина Карпош)
Македонија
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на висок воздушен притисок продолжува периодот на претежно сончево и тивко време. Во ноќните и претпладневните часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност.
Македонија
Зимзоленд: Продолжуваме со работа, шпекулација е дека настанот ќе биде затворен
Од Зимзоленд велат дека продолжуваат со работа и дека информациите за неговото затворање се шпекулации.
„Во последните часови на одредени медиуми се појавија неточни информации и шпекулации дека Зимзоленд ќе биде затворен. Ве информираме дека ова не е точно. Зимзоленд продолжува да работи со редовно работно време“, се наведува во јавното соопштението.
Во него се додава дека е точно дека во претходните денови имало инспекциски надзори, но велат дека до надлежните служби била доставена целосната и потребна документација.

