Македонија
Првото бебе родено во Новата 2020 година во Прилеп е машко
На неполни три часа од почетокот на Новата 2020 година, во одделението за гинекологија и акушерство при ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ во Прилеп, се роди машко бебе.
За мајката Весна Стојкоска ова е трето дете, сите три машки.
„Ова ми е трето дете, машко. И другите две се машки. Многу сум задоволна од персоналот, од целата екипа. Бебето е добро, породувањето помина во најдобар ред“, истакна Стојкоска.
Честитајќи им ги на своите сограѓани Новогодишните и Божикните празници, д-р Изабела Чочева-Талеска рече дека само десетина минути после раѓањето на првото бебе, во прилепската болница се роди уште едно бебе, исто така машко.
„Ова утро ние сме побогати за две бебиња, живи машки деца спонтано породени. Двете се со иста телесна тежиина, 3.630 грама. И мајките и бебињата се во одлична кондиција. Новата година посакувам да биде успешна, со уште повеќе бебиња“, изјави д-р Чочева-Талеска.
Градоначалникот Илија Јованоски утринава ја посети болницата „Борка Талески“. Во име на Општина Прилеп, Јованоски на првороденото бебе и неговата мајка им врачи подароци и парични средства. На останатите родилки во одделението за гинекологија и акушерство, како и на вработените во прилепската болница им ја честиташе Новата 2020 година, посакувајќи им во неа многу здравје, среќа, радост и успех.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забрана за камиони на неколку патни правци поради врнежи од снег
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на повисоките места, во западните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот, извести АМСМ
Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, во Маврово и на планинскиот премин Стража. На планинскиот премин Буково врнежите се од дожд и снег.
Поради врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, како и на патниот правец крак Маврово – Дебар.
На патниот правец Тетово – Попова Шапка е воведена забрана за сообраќај за автобуси, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.
Македонија
Делови од Илинден, Ѓорче Петров и Кисела Вода денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 13:00 часот дел од улицата 19 во населба Илинден, oпштина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 14:00 часот дел од корисниците во населба Волково, поточно улиците: 95, 100, 101, 102 и 103, општина Ѓорче Петров;
· во периодот од 08:30 до 14:30 часот дел од корисниците на улицата Јустинијан Први во село Драчево, поточно делот од Маркет – Вајота кон село Студеничани, општина Кисела Вода;
· во периодот од 09:00 до 14:00 часот дел од улицата Герника, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-125мм на улицата Светозар Марковиќ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Светозар Марковиќ и дел од булеварот Кочо Рацин, вклучително и објектот на Веро Џамбо, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

