Македонија
Прв интернационален фестивал на детска креативност „Трамболини“

Утре во 19 часот на Школката во Градскиот парк е закажано свеченото отворање на првиот Интернационален фестивал на детската креативност „Трамболини“.
Фестивалот, кој е во организација на Детскиот културен центар „Карпош“, е прв фестивал од ваков тип во нашата земја, кој преку едукативни и креативни работилници има цел да ја развие креативноста и љубопитноста кај децата.
На отворањето во Градскиот парк, децата ќе имаат можност да го бараат загубеното богатство, а покрај оваа ќе има и други активности – изработка на фигури од балони, штулари, балерини, катче за боење и изработка на креативни украси, експерименти и пеење песни од ЗОО азбука, а публиката ќе ја забавуваат децата од хорот „Гласот на децата на Скопје“ со своите песни.
Разните активности на фестивалот ќе се случуваат на повеќе локации во градот, дел на отворено, а дел во јавни институции, каде што децата ќе ја развиваат својата креативност во повеќе области – ликовната уметност, музика, филм, литература, природни науки и археологија. Активностите од фестивалот ќе се реалзиираат во ДКЦ Карпош, Музејот на современа уметност, како и во паркот „Ибни Пајко“ и на на плочникот пред Археолошкиот музеј.
Отворањето и сите понатамошни активности организирани во рамките на Интернационалниот фестивал на детската креативност „Трамболини’ ќе се организираат во согласност со протоколите за заштита од Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Јавен обвинител бил во „Макпрогрес“ ама увидот не е почнат, пожарот уште тлее

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство од Кочани бил во фабриката „Макпрогрес“ но, како што информира Државното јавно обвинителство, увидот се уште не е почнат бидејќи пожарот не е во целост изгаснат и се уште траат активностите за обезбедување на локацијата.
– Во меѓувреме, јавниот обвинител издава наредби и насоки за други дејствија за целосно испитување на настанот, информираат од Јавното обвинителство.
Пожарот во фабриката за кондиторски производи и вафли избувна вчеравечер околу 18 часот при што беа опожарени магацински и производствени погони. Покрај пожарникарите од Виница, во гаснењето беа вклучени и пожарникари од неколку соседни општини.
Сите се во стабилан здравствена состојба. На осум лица, вработени во фабриката, им била укажана лекарска помош во Клиниката за токсикологија во Скопје. Четворица од пожарникарите кои учествуваа во гаснењето на пожарот, биле примени во Општата болница во Кочани, а една пожарникарка била хоспитализирана во Клиничката болница во Штип.
Македонија
Полициски хеликоптер и два ер трактори се борат со пожарот кај Раштак

Пожар попладнево изби над скопското село Раштак на Скопска Црна Гора. Чадот од пожарот се гледа од поголем дел од Скопје.
Дирекцијата за заштита и спасување информира дека пожарот се гасне и од воздух и дека се вклучени два „ер трактора“ и еден полициски хеликоптер.
– Во гаснењето учествуваат повеќе екипи на БППЗ Скопје, тим на ДЗС, два ер трактора на ДЗС и еден полициски хеликоптер, информира директорот на ДЗС Стојанче Ангелов.
Македонија
Сите хоспитализирани од пожарот во Виница се во стабилна здравствена состојба, соопшти МЗ

Тринаесет лица се хоспитализирани по пожарот што вчера доцна попладне избувна во фабриката за кандирани производи и вафли „Макпрогрес“ во Виница. Сите хоспитализирани се во стабилна здравствена состојба, соопштија попладнево од Министерството за здравство.
Осум лица, вработени во фабриката, биле на Клиниката за токсикологија во Скопје, една пожарникарка била хоспитализирана во Клиничката болница во Штип, а четворица пожарникари во Општата болница во Кочани.
Во гаснење на пожарот во Виница, покрај пожарникари од виничката Територијална противпожарна единица, вчера биле вклучени и пожарни единици од соседните општини.
Според последните информации од Центарот за управување со кризи, до 12 часот денеска, пожарот во фабриката е ставен под контрола.