Македонија
Прв косовско-македонски безбедносен форум во Приштина
Од денеска во наредните два дена на Универзитетот ААБ во Приштина ќе се одржи Првиот косовско-македонскиот безбедносен форум 2018 година на тема „Зајакнување на безбедноста преку соработка помеѓу Косово и Македонија”, во организација на Факултетот за безбедност – Скопје, Фондацијата „Конрад Аденауер” за Косово и Универзитетот ААБ.
На отворањето на форумот официјален говорник ќе биде универзитетскиот професор Стево Пендаровски, национален координатор на земјата за членство во НАТО, како и Агим Нухиу, заменик-министерот за внатрешни работи, Бурим Рамадани, заменик-министер за безбедносни сили на Република Косово, претставници на Фондацијата „Конрад Аденуаер„, Факултетот за безбедност – Скопје и Универзитетот ААБ, како и претставници од академската заедница и безбедносните институции на Република Македонија и Република Косово. Од страна на продеканот за наука и развој на Факултетот за безбедност – Скопје, Марјан Ѓуровски, ќе биде промовирана заедничка публикација „Студија на случај за регионалната безбедноста соработка меѓу двете земји“, која ќе биде издадена на македонски, албански и англиски јазик.
Во Косово ќе се организираа настан каде што ќе дебатираат на едно место академската и стручната јавност и воедно од професори од Република Косово, Република Македонија и од Босна и Херцеговина ќе се детектираат механизми со кои двете земји ќе се справуваат со заедничките безбедносни ризици и закани.
Теми на форумот се: реформи во безбедносниот систем, заканите од тероризам и странски борци, како и нивната ресоцијализација и безбедносната дилема, и промените на границите за создавање етнички „чисти“ држави или управување со малцинските права.
Македонија и Косово прво треба да имаат функционална безбедност за да можат да имаат и регионална стабилност, да придонесуваат кон операциите за поддршка на мирот и да се интегрираат во евро-атлантсклите и европските институции.
Во рамки на проектот се спроведе анализа и истражување во три области кои се однесуваат на концептот на безбедноста во двете држави, реформа на безбедносниот сектор, закани од тероризам и странски борци, ресоцијализација, дерадикализација и зголемување на безбедноста преку политиките за правата на малцинствата и опасност од промена на границите во регионот.
Анализите ќе бидат презентирани на заедничка конференција во рамки на Косовско-македонскиот безбедносен форум 2018 кој треба традицонално секоја година да се одржува со поддршка од Фондацијата „Конрад Аденауер”.
За Првиот безбедносен форум на Косово и Македонија посебната публикација студија на случај со автори од двете држави која ќе биде провирана на Форумот.
Безбедноста на државата, вклучително и нејзините граѓани, економија и институции, ги опфаќа, покрај активностите на други држави, и дејствијата на насилните недржавни актери. Генерално, поимот безбедност се однесува на безбедноста на една држава од закани, како што се тероризам, војна или шпионажа.
Потенцијалните причини за национална несигурност вклучуваат активности на други држави (на пример, воен или сајбер-напад), насилни недржавни актери (на пример, терористички напад), организирани криминални групи, како што се наркокартели, но и последиците од природни катастрофи (на пример, поплави, земјотреси).
Зајакнувањето на безбедноста на Косово и во Македонија позитивно ќе влијае врз добро владеење и ќе има витално значење за надминување на последиците од различни конфликти во двете земји и за спречување на повторни појави на насилни инциденти и терористички акти. Безбедноста и мирот се јавни добра и општеството во целина, како и поединците во него, имаат полза од подобрувањето на безбедноста. Без неа, тие нема да успеат во воспоставувањето и оддржувањето на владеењето на правото, обезбедувањето на општествен развој и економски пораст и заштитата на нивните млади демократии.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

