Македонија
(Видео) Прегазен пешак во тешка сообраќајка на „Партизанска“

Најмалку три лица се повредени и однесени со брза помош во болница по страшната сообраќајна несреќа што се случи помеѓу две возила и пешак, вечерва околу 20 часот, на крстосницата помеѓу булеварот Партизански одреди и Климент Охридски.
„Едното возило удри во другото, а потоа и во пешакот“, велат извори за „Макфакс“.
Новинарката Сашка Цветковска на својот профил на „Фејсбук“ напиша дека ја посведочила несреќата и раскажа дека пешакот бил брутално прегазен.
„Не можам да проценам кој од овие два автомобила ја предизвика несреќата, но невиниот пешак буквално леташе неколку метри во висина пред да биде отфрлен долу по ударот во бандерата на кој му претходеше удар од еден од двата залетани автомобили“, напиша Цветковска.
Таа додаде дека со оглед на тоа што во Скопје дозволено е да се вози со брзина од 50 километри на час, ваквите сообраќајни несреќи се убиства без предумисла.
„Ако знаеме колку се вози и зошто е така, а свесно го кршиме законот, ние сме убијци“, напиша Цветковска која ја посведочи несреќата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Тошковски: Партнерството со САД носи силна поддршка за реформи во МВР

Министерот за внатрешни работи Панче Тшоковски денес оствари тет-а-тет средба со амбасадорката на САД, Анџела Агелер.
„Средбата ја потврди блиската соработка и заедничката посветеност за јакнење на институциите и модернизацијата на системот, како темел за поуспешно справување со криминалот и корупцијата“, соопштија од МВР.
„Партнерството со САД ни носи силна поддршка за нашите реформи во МВР насочени кон професионална и ефикасна полиција, која ќе овозможи зголемена безбедност, правда и доверба кај граѓаните.“, потенцираше министерот Тошковски.
Македонија
Општина Центар: Дератизацијата не е опасност за кучињата и мачките, да не се шират дезинформации

Општина Центар ги отфрла шпекулациите дека дератизацијата претставува опасност за животните.
„Ве информираме дека дератизацијата се спроведува редовно и исклучиво од стручни лица од Центарот за јавно здравје, со употреба на методи и средства кои се безбедни и не претставуваат закана за кучињата, мачките и другите домашни миленици. Апелираме до граѓаните да не подлегнуваат на непроверени и неточни информации кои во јавноста се пласираат од одредени неквалификувани и нелиценцирани лица или организации. Ваквите дезинформации неосновано предизвикуваат страв и паника кај граѓаните и непотребно ја вознемируваат јавноста“, велат од Општината.
Македонија
СДСМ: Мицкоски пак манипулира, со инфлација од 4,8%, реалниот раст на БДП е -1,4%

Со инфлација од 4,8% повисока од растот на БДП, реалната економија оди надолу од -1.4%, а граѓаните тонат во сиромаштија, велат од СДСМ.
„Македонија е далеку од 4-та економија во Европа како што сака Мицкоски да прикаже. Неговите фалби немаат врска со реалноста. Граѓаните не живеат од статистички бројки туку од сопствениот џеб. А таму реалноста е сурова: повисоки цени, пониски приходи и намален квалитет на живот. Македонскиот БДП по жител, според куповната моќ, е само 42% од просекот на ЕУ, повисок просек од нашите граѓани има дури и земјите во регионот, Србија со 51%, Црна Гора со 53%“, се наведува во соопштението.
Од СДСМ велат дека странските инвестиции се преполовени на 221 милиони евра, од 573 милиони евра минатата година.