Македонија
Предмети оформени по иницијативи на Министерството за правда на дневен ред на Уставниот суд
По изразениот интерес на јавноста во врска со иницијативи поднесени од страна на Министерството за правда, преку претставник-министер Кренар Лога информираме дека два од предметите(У.бр.104/2023 и У.бр.108/2023) ќе бидат ставени на дневен ред за дискусија на седницата закажана за 13.09.2023 во 9:30 часот.
Уставниот суд во текот на месец јули 2023 година оформи десет нови предмети по поднесени иницијативи од страна на Министерството за правда, со потпис на министерот Кренар Лога.
Сите иницијативи содржат исти наводи, односно во сите иницијативи се оспорува рокот на објавувањето на актите во Службен весник, како спротивен на Уставот. Во иницијативите подносителот наведува дека оспорените акти се неуставни бидејќи со нив е повреден членот 52 од Уставот, кој утврдува дека законите и другите прописи се објавуваат во Службен весник на Република Северна Македонија „најдоцна во рок од седум дена од денот на нивното донесување”.
Во иницијативите оспорени се следните акти:
1. У.бр.99/2023
Оспорен акт: Правилникот за формата и содржината на лиценцата за изработка на рударски проекти за површинска и подземна експлоатација, преработка на минерални суровини и други рударски проекти од областа на рударството.
Доносител на актот: Минисерство за економија
2. У.бр.100/2023
Оспорен акт: Правилникот за висината на трошоците во постапката за издавање на дозволи за користење на простор, дозвола за ограничено користење на ГМО класа 2, 3 и 4
Доносител на актот: Министерство за животна средина
3. У.бр.101/2023
Оспорен акт: Правилникот за формата и содржината на прекршочниот платен налог
Доносител на актот: Министерство за животна средина
4. У.бр.102/2023
Оспорен акт: Упатството за доставување податоци и информации за платежната статистика
Доносител на актот:Народна банка на Република Северна Македонија
5. У.бр.103/2023
Оспорен акт: Решение за изменување и дополнување на Решението за цените на обрасците што ги издава Министерството за внатрешни работи
Доносител на актот: Министерство за внатрешни работи
6. У.бр.104/2023
Оспорен акт: Упатството за изменување и дополнување на Упатството за спроведување на одлуката за методологија за управување со ликвидносниот ризик
Доносител на актот: Гувенер на Народна банка на РСМ
7. У.бр.105/2023
Оспорен акт: Правилникот за формата и содржината на Барањето за остварување на ослободувањето од данок на додадена вредност, увозни давачки и акциза на енергенти и данок на мотрони возила за патнички автомобили и потребната документација која треба да се достави кон барањето
Доносител на актот: Влада на Република Северна Македонија
8. У.бр.106/2023
Оспорен акт: Правилникот за изменување на Правилникот за содржината и начинот на подготовка на актите за внатрешна организација и ситематизација на работните места, како и содржината на функционалната анализа на институциите на јавниот сектор.
Доносител на актот: Министерство за информатичко општество и администрација
9. У.бр.107/2023
Оспорен акт: Правилникот за начинот на утврдување на несообразноста и висината на процентот на намалување на директните плаќања во случај на несообразност.
Доносител на актот: Влада на Република Северна Македонија
10. У.бр.108/2023
Оспорен акт: Правилникот за содржината на студиските програми
Доносител на актот: Национален совет за виско образование и научно истражувачка дејност
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

