Контакт

Македонија

Предности на домот во јадрото на Скопје ориентиран кон јужната страна

Објавено пред

Изборот на нов дом индиректно влијае на обликувањето на животната патека по која секој од нас чекори. Поседувањето сопствен дом му обезбедува на семејството чувство на стабилност, сигурност и припадност. Токму затоа одлуката за избор на нов дом треба внимателно да биде донесена и притоа треба да бидат земени предвид сите аспекти кои можат да ви обезбедат удобен и квалитетен живот. Потрагата по нов дом треба да биде темелна, а изборот базиран на добро проверени факти. Во прилог ви претставуваме важни информации кои ќе ви помогнат да одлучите зошто изборот на дом ориентиран кон јужната страна претставува вистински чекор за вас.

dobivaj vesti na viber

Живеењето на јужната страна во центарот на Скопје овозможува неверојатен поглед

Од тоа како ќе ви почне утрото во голема мера зависи и каков ќе ви биде остатокот од денот, токму затоа погледот со кој ќе се будите треба да биде еден од главните приоритети при изборот на вашиот иден дом. Една од најважните придобивки што ги овозможува домувањето на јужната страна во Скопје е живописниот поглед кон еден од најубавите предели на главниот град, планината Водно и Милениумскиот крст. Овој поглед максимално е искористен при проектирањето на „Гранд Ривер“, објектот што се гради спроти хотелот „Холидеј ин“ во рамки на станбено-деловниот комплекс „Гранд Скопје“. Се работи за современ објект кој е дизајниран да овозможи максимален комфор на идните корисници, и целосно искористување на погледот и природната светлина. Можноста наутро да се разбудите во станбените единици кои поседуваат пространи тераси со стаклени огради има потенцијал да го унапреди квалитетот на вашето живеење, токму поради достапноста на природната сончева светлина и опцијата да се ужива во допирот на сончевите зраци и неповторливиот поглед.

Домовите лоцирани на јужната страна овозможуваат заштеда на топлинска и електрична енергија

Заштедата на топлинска и електрична енергија е една од клучните економски придобивки кои ги овозможува животот на јужната страна, особено во време кога нивната цена е во постојан пораст. Објектите кои се изградени со високи стандарди на енергетска ефикасност, како „Гранд Ривер“, со термоизолирана фасада и ниско енергетско стакло, овозможуваат заштеда на топлинска и електрична енергија и минимално влијание на животната средина. Заштедата на топлинска енергија е најизразена во најстудениот период во годината, од декември до февруари, кога трошоците за догревање на просторот би биле значително намалени. Кога долгорочно ќе се земе предвид заштедата на топлинска и електрична енергија, становите лоцирани на јужната страна дефинитивно претставуваат исплатлива инвестиција.

Природната сончева светлина има позитивно влијание на здравјето

Докажано е дека природната сончева светлина е извор на позитивна енергија и расположение и фактор кој позитивно влијае на физичкото и менталното здравје. Придобивките од природната сончева светлина се потврдени со многубројни истражувања, кои покажале дека таа директно е поврзана со расположението, бидејќи го стимулира лачењето на хормонот на среќа серотонин, кој, пак, кога се лачи во поголеми количества се поврзува со доброто расположение и чувства на задоволство и смиреност. Сончевата светлина ги мотивира луѓето и позитивно влијае дури и на нивната концентрација и апетит. Домовите кои се наоѓаат на јужната страна и имаат пространи дворови или тераси овозможуваат нивните жители во поголем дел од денот да бидат изложени на витаминот Д3, кој е единствениот Д витамин што телото може да го произведува благодарение на сончевата светлина и кој значително го подобрува имунитетот на луѓето.

Природната сончева светлина освен што носи бројни здравствени придобивки има силно влијание на перцепцијата на просторот, односно прави тој да изгледа визуелно поголем и поширок.

Домот ориентиран на јужната страна обезбедува можност да одгледувате голем број растенија

Љубителите на растенија дефинитивно ќе уживаат доколку нивниот дом се наоѓа на јужната страна. Поголемиот дел на растенија кои се одгледуваат во домовите бараат сончева светлина и токму затоа достапноста на сончевите зраци ќе овозможи да одгледувате широк спектар на растенија во својот дом кои ќе донесат свежина, ведрина и позитивни вибрации. За растенијата во домот, исто така, е потврдено дека го намалуваат нивото на стрес, ја зголемуваат вашата продуктивност и го подобруваат квалитетот на воздухот.

Сите овие факти јасно говорат зошто токму станбените единици на јужната страна во „Гранд Ривер“ треба да бидат вашиот избор на нов дом каде што ќе ги нижете идните моменти на среќа.

Доколку сте заинтересирани за домување по највисоки стандарди на јужната страна во „Гранд Ривер“ може да добиете персонализирана понуда во продажниот салон на комплексот „Гранд Скопје“ во ГТЦ на 1 кат или да го контактирате тимот за продажба на телефонските броеви: 070 233 055 и 070 355 351 и на и-пошта: [email protected].

ПР

Македонија

Милошоски на Конференцијата на претседатели на парламенти на земјите од ЈИЕ во Будимпешта

Објавено пред

Од

Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, на 26 и 27 февруари ќе учествува на Конференцијата на претседатели на парламенти на земјите од Југоисточна Европа, која ќе се одржи во Будимпешта, во организација на Националното собрание на Унгарија.

dobivaj vesti na viber

Станува збор за традиционален меѓупарламентарен форум што се организира од 2004/2005 година и претставува значајна платформа за политички дијалог и парламентарна соработка меѓу земјите од Југоисточна Европа. Фокусот на конференцијата е насочен кон регионалната соработка, европската интеграција и заедничкото справување со актуелните политички, економски и безбедносни предизвици во регионот.

Во рамки на официјалната агенда, на 27 февруари ќе се одржи 12-тата Конференција на претседатели на парламенти, на која ќе учествуваат спикерите и шефовите на делегации од земјите на Југоисточна Европа, како и од земјите на Вишеградската група. Централна тема на првата сесија ќе биде „Состојбата на проширувањето во регионот на Југоисточна Европа“, додека втората сесија ќе биде посветена на „Економските инвестиции и енергетските поврзувања – предизвици и можности во регионот“.

На конференцијата се предвидени обраќања на високи претставници на земјата домаќин, како и на претставници на Европската унија и меѓународни организации, по што ќе следат дискусии и излагања на учесниците. Во завршниот дел е планирано усвојување на заедничка парламентарна декларација, како и билатерални средби меѓу делегациите.

„Собранието на Република Северна Македонија редовно учествува на оваа конференција, која претставува важен дел од напорите за унапредување на парламентарната дипломатија и зајакнување на европската перспектива на регионот“, пишува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Македонија

Предложени мерки за унапредување на правото на здравје на лицата со попреченост

Објавено пред

Од

Во Собранието се одржа настан на тема „Унапредување на правото на здравје за лицата со попреченост“, во организација на Интерпартиската парламентарна група (ИППГ) за правата на лицата со попреченост, во соработка со Зета – организација за попреченост и правда, Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес, Порака – Неготино и Еко – Живот – Кавадарци.

dobivaj vesti na viber

Настанот имаше за цел отворање институционален дијалог за унапредување на пристапот до здравствени услуги, подобрување на системските решенија и зајакнување на соработката помеѓу законодавната и извршната власт и граѓанскиот сектор, при што беа презентирани и наодите од анализата за предизвиците со кои се соочуваат семејствата на лицата со попреченост, како и можните решенија поврзани со нивниот медицински третман, со цел обезбедување еднаков и достоинствен пристап до здравствена заштита.

Претседателот на ИППГ за правата на лицата со попреченост, Никола Мицевски, истакна дека правото на здравје е фундаментално човеково право, нераскинливо поврзано со правото на живот и заштитата на човековото достоинство. Уставот гарантира здравствена заштита за секој граѓанин, што претставува обврска институциите континуирано да го унапредуваат системот и да обезбедат еднаков, квалитетен и навремен пристап до здравствени услуги за лицата со попреченост. Собранието останува отворено за предлозите и искуствата на граѓаните со цел носење одржливи и инклузивни решенија.

Во активна дискусија присутните имаа можност да ги искажат предизвиците со кои се соочуваат при остварувањето на правото на здравје, како и предизвиците со кои се соочуваат институциите и другите чинители во оваа област. Беше нагласена потребата од континуирани реформи во здравствениот систем, унапредување на законската рамка, обезбедување финансиска одржливост на услугите и воведување механизми за следење на спроведувањето на политиките.

Како предложени мерки за унапредување на правото на здравје на лицата со попреченост се:

· Ортопедските помагала кои се обезбедуваат на товар на Фондот за здравствено осигурување, да бидат целосно усогласени со индивидуалните потреби на лицата со попреченост, да овозможуваат избор и да бидат со подобар и проверен квалитет, во согласност со современите медицински и технолошки стандарди;

· Адаптација на здравствените установи на сите нивоа на здравствена заштита со цел обезбедување целосна физичка, сензорна и комуникациска пристапност за лицата со попреченост, во согласност со принципите на универзален дизајн;

· Воведување задолжителна, континуирана обука за здравствените работници за работа со лица со различни видови на попреченост, со фокус на пристап базиран на човекови права, достоинство, недискриминација и информирана согласност.

· Унапредување на системот „Мој термин“, со воведување механизми за приоритетно закажување за лицата со попреченост, особено за лица со попреченост кои имаат потреба од поголема поддршка, хронични состојби.

„Настанот се одржа во клучен момент – кога се подготвуваат измените на Законот за здравствена заштита и претставува значаен чекор кон градење поинклузивен здравствен систем, заснован на еднаквост, пристапност и почитување на човековите права. На истиот беа донесени заклучоци во насока на унапредување на правото на здравје за лицата со попреченост“, се наведува во соопштението од Собранието.

Прикажи повеќе...

Македонија

Петрушевски: Тужбата за клевета нема да го испере Заев, стојам зад секој кажан збор

Објавено пред

Од

Тужбата за клевета нема да го испере Заев, ниту ќе ја сокрие вистината, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, по тужбата од поранешниот лидер на СДСМ, Зоран Заев поднесена против него и против Жан Митрев.

dobivaj vesti na viber

„Завршија времињата кога од позиција на власт се нарачуваа пресуди, се вршеа притисоци врз обвинители и судии, и се замолчуваа оние што поставуваа прашања. Денес институциите мора да работат по закон, а не по телефон. Јас стојам зад секој јавно изнесен збор и подготвен сум аргументите со Заев да ги соочиме пред судот и пред јавноста. Судницата не е средство за заплашување, туку место каде се утврдува вистината“, вели Петрушевски.

Тој додава дека денес никој не е над законот. „Ниту поранешен премиер, ниту актуелен пратеник. Но, наместо Заев да се обидува преку тужби да ја замолчи критиката, нека одговори на суштинските прашања што кои ја интересираат јавноста. А вистината секогаш излегува на виделина“, вели пратеникот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Петрушевски: Тужбата за клевета нема да го испере Заев, стојам зад секој кажан збор

Тужбата за клевета нема да го испере Заев, ниту ќе ја сокрие вистината, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, по...

Македонија3 часа

Заев поднесе тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев

Поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев поднел тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев за како што вели,...

Македонија4 часа

Стојаноски за платите на функционерите: се намалуваат за над 10.000 денари, законското решение е согласно Устав

„Поднесовме предлог на измена на шест закони, со овој пакет на закони се опфаќаат Законот за пратениците, Законот за плата...

Македонија5 часа

Политичарите да се воздржат од коментирање на одлуката за притворот на Груби, апелира Здружението на јавните обвинители

Здружението на јавните обвинители апелира до сите политички партии и функционери да го почитуваат и да не го загрозуваат начелото...

Македонија5 часа

(Видео) „Обвинителството се заплетка со притворот за Груби, се покажа дилот, сè е договорено“, вели Кузеска

„Политичкиот дил ВМРО-ДУИ со Груби веќе на сите им è јасен, граѓаните знаат што се случува. Разоткриенo е секое делче...

Македонија5 часа

Обвинителите бараат итно да се повлече од дневен ред точката за намалување на нивните плати: Се загрозува независноста со економски притисок

Здружението на јавните обвинители утрово испрати итка рекација до Собранието во која бараат да биде повлечена од дневен ред на...

Македонија5 часа

Претседателот на Албанија во тридневна посета на Македонија, посебен режим на сообраќајот во Скопје

В четврток, петок и сабота, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува Бајрам Бегај, претседател на Република Албанија....

Македонија5 часа

Вчера за првпат откако функциниора „Безбеден град“ не е регистрирано ниту едно минување на црвено светло

Првпат откако функциниора системот „Безбеден град“, на 24.02.2026 не е регистриран ниту еден прекршок за минување на затворен семафор –...

Македонија6 часа

Утре без струја неколку скопски населби

Поради реализација на инвестициски зафат, а со цел подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија, во четврток 26.02.2026 година,...

Економија6 часа

Отворени се 22 нови рути кои ја поврзуваат Македонија со цела Европа, објави Николоски

Вицепремиерот Николоски на својот фејсбук профил објави мапа со воспоставени 22 нови авио дестинации кон Европа од двата домашни аеродроми....

Македонија7 часа

Додека Артан Груби гледа телевизија дома, во ДУИ преовладува паничен напад од прв до последен, велат од „Вреди“

Артан Груби е црната кутија на ДУИ. Не е обичен поранешен функционер во куќен притвор, туку човекот што ги знае...

Европа8 часа

Британската влада ќе објави доверливи документи за назначувањето на поранешниот принц Ендру

Британската влада ќе објави доверливи документи за назначувањето на поранешниот принц Ендру за трговски претставник, што е резултат на жестока...

Свет8 часа

(Видео) Во своето обраќање до нацијата, Трамп го спомена и убиството на Украинката: „Ќе обезбедиме правда“

Американскиот претседател Доналд Трамп во своето обраќање пред Конгресот ја спомена 23-годишната Украинка Ирина Заруцка, која беше брутално убиена во...

Свет9 часа

Трамп за Венецуела: Добивме 80 милиони барели нафта од нашиот нов партнер

Американскиот претседател Доналд Трамп ја опиша Венецуела како „сојузник“ на САД во своето обраќање за состојбата на нацијата во вторник,...

Свет9 часа

(Фото) Откриена најголемата колонија на корали во светот во близина на Австралија

Тим од мајка и ќерка, и двете научници, ја откри најголемата позната корална колонија во светот покрај брегот на Австралија....

Свет9 часа

(Видео) Расте бројот на жртви по обилни дождови во Бразил

Бројот на жртви од обилните дождови што ја погодија југоисточната бразилска држава Минас Жераис се искачи на најмалку 25, а...

Свет10 часа

(Видео) Трамп: „Победуваме толку многу што веќе не знаеме што да правиме со тоа“

Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи „златно доба“ за Америка во своето обраќање за состојбата на нацијата во вторник. „Нашата нација...

Македонија23 часа

ДУИ обвинува за притисок врз судството: Изјавите на Филков за куќниот притвор се директно мешање во постапката

Демократската унија за интеграција (ДУИ) изрази длабоко незадоволство поради, како што наведуваат, заканите упатени кон судии и обвинители од страна...

Македонија1 ден

Одземени лиценците за канабис на шест фирми: не им работеле камерите, немале обезбедување, едно имале на хартија друго во магацин

На шест од досега провери 13 компании им се одземени лицентие за одгледување канабис за медицински цели. Министерот за здравство,...

Топ1 ден

Битолчанец пријавен за обид за убиство на своите деца и напад врз полицајци

СВР Битола поднесе кривична пријава против В.Ф. (42) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство“...