Македонија
Презентирана новата интернет-страница на Јавното обвинителство
Jавното обвинителство ја презентираше новата интернет-страница www.jorm.gov.mk, овозможена со финансиска поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
„Јавното обвинителство како орган кој ги гони сторителите на кривичните дела и се грижи за функционирањето на казнениот правен систем, има обврска јасно и транспарентно да ги споделува информациите со јавноста. Објавувањето на информациите нема само информативна функција за задоволување на јавниот интерес, туку преку нивна обработка и споделување, се реализира обврската за превентивно и едукативно дејствување врз состојбите со криминалитетот во општеството“, изјави jавниот обвинител Љубомир Јовески.
„Довербата на јавноста во вашата институција зависи од резултатите на вашата работа и од начинот на кој споделувате информации со јавноста за вашата работа. Довербата е емотивен одговор и најчесто треба да се заслужи, негува у да се одржува. Работата на јавното обвинителство мора да биде отворена и достапна за пошироката јавност, до степенот до кој тоа го дозволуваат законите и меѓународните стандарди“, истакна aмабасадорот Клеменс Која, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Новата интернет-страница беше презентирана пред медиумите и пред јавните обвинители.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди
Променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во среда и четврток, кога на повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег. Од среда ветерот ќе го промени правецот во северен.

