Македонија
(Фотовест) Преку решетки до извод од Управата на матичните книги, документи се пополнуваат на полуотшрафен дрвен шалтер

Објектот во кој е сместена Управата за водење на матичните книги во Ѓорче Петров остана непроменет. И натаму граѓаните преку решетки си ги подигнуваат документите, а барања пополнуваат на импровизиран дрвен шалтер поставен под прозорецот.
Состојбата е лоша и за вработените, на кои во зима им прокиснуваат таваните и не може да ги затоплат просториите, а во лето работат на пеколни температури.
Граѓани посочуваат дека чекаат и по половина час само за да си подигнат извод, кој претходно го нарачале и платиле преку онлајн-платформата.
Ако немаат пополнето некој документ, тоа може да го направат на импровизиран шалтер поставен под прозорецот, кој е на чекор да падне бидејќи е отшрафен. Претходно, можеше и да се влезе во објектот за да се подигне документ, но и по пандемијата, тоа не е недозволено.
Реконструкција на објектот нема. Со години од Управата за водење на матичните книги посочуваат дека причината за тоа е што немаат доволно пари. Доколку добијат од Владата, беше планирано и да се пресели објектот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Се користи специјална пена врз песокта за да се доизгасне чадењето во Трубарево

Од опожарениот простор во Трубарево моментално има слабо чадење само од неколку места кои веќе се затрупани, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
Како што истакна, врз песочната покривка се фрла специјална пена со цел целосно сопирање на чадењето и спречување на повторна појава на пожар.
Македонија
Чадењето од Дрисла значително намалено, останува да се догасне третина од површината

Чадењето од депонијата Дрисла е значително намалено, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
Kaко што рече, изработен е дополнителен земјен пат со кој е отсечен ѕидот на депонијата од заезерената површина со отпадни води полни со запаливи гасови. Овој дел сè уште чадe, но во многу помал обем во споредба со првиот ден од пожарот.
Затрупувањето продолжува и утре, најавува Ангелов, а преостаната е помалку од третина од почетно опожарената површина.
Македонија
ИЈЗ ги објави мерењата на радијација во воздухот: Нема отстапувања и покрај пожарот во Трубарево

Институтот за јавно здравје соопшти дека мерењата на радијацијата во воздухот, извршени од 7 до 14 септември 2025 година, покажуваат нормални вредности и нема никаква опасност за здравјето на граѓаните, и покрај загриженоста поради големиот пожар во скопската населба Трубарево.
Во Скопје, каде што работи една од автоматските мерни станици, просечните вредности изнесуваат 51 нано сиверт на час, што е рамки на природниот радијациски фон – природното зрачење што секогаш постои околу нас. Највисоката измерена вредност е регистрирана на 11 септември, кога бил забележан пик од околу 69 нано сиверти на час, но и ова отстапување е во рамки на природното и безбедно ниво. Денеска (14 септември) во 11:30 часот измерени се 50 нано сиверти на час.
Од ИЈЗ нагласуваат дека нема одстапувања од нормалните референтни вредности кои би укажале на зголемена радиоактивност или ризик по здравјето на граѓаните.
По насока на инспекторатот за животна средина и Министерството за здравство, на терен во близина на Трубарево се испратени обучени екипи кои земаат примероци од почва и вода за дополнителни анализи. Резултатите од тие анализи ќе бидат објавени јавно.
Институтот истакнува дека внимателно ја следи состојбата во координација со сите надлежни институции, а на граѓаните им препорачува да ги следат официјалните информации и упатства.