Македонија
Премиерот Ковачевски ќе оствари средба со премиерката Ана Брнабиќ во владата на Србија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска ќе оствари средба со претседателката на Владата на Република Србија, Ана Брнабиќ, во рамките на учеството на вториот меѓународен саем за вино, храна и туризам, „Винска визија на ‘Отворен Балкан’“.
На средбата ќе присуствуваат и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, како и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.
Потоа ќе биде потпишан и меморандум за соработка за воспоставување железничка мрежа со високи перформанси меѓу Министерството за транспорт и врски на Република Северна Македонија и Министерството за градежништво, сообраќај и инфраструктура на Република Србија.
Дополнително, под покровителство на Владата на Република Северна Македонија и во организација на премиерот Ковачевски, ќе се одржи настан „Македонска вечер“, во рамките на кој ќе има дегустација на македонски вина и храна.
На годинешниот саем се очекува присуство на повќе од 600 изложувачи од многубројни винарници, дестилерници, гастрономски компании од повеќе од 28 земји, што претставува одлична можност за воспоставување деловни релации, размена на идеи и ставови за винската индустрија, пред сѐ.
На вториот меѓународен саем за вино, храна и туризам, „Винска визија на ‘Отворен Балкан’ излагаат над 70 винарници и дестилерници од Северна Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Продолжувањето на притворот за Бектеши додека вистинските одговорни сè уште се на слобода претставува чист израз на селективна правда и политичка одмазда“, велат од ДУИ

„Продолжувањето на притворот за поранешниот министер Крешник Бектеши, додека вистинските одговорни – оние што биле задолжени за безбедноста на децата– сè уште се на слобода, претставува чист израз на селективна правда и политичка одмазда“, реагира ДУИ.
„Ова не е само двоен правен стандард – туку отворена политичка и партиска дискриминација, која претставува флагрантно кршење на основните принципи на правната држава.
Уште повеќе, иако сведоците и родителите на жртвите јасно ги посочија виновниците и побараа одговорност од Министерството за внатрешни работи, единствено поранешниот министер Бектеши сè уште се држи во изолација – како параван за да останат вистинските виновници на слобода.
Трансакциското обвинителство и актуелната власт продолжуваат брутално да ги газат сите правни, морални и човечки принципи.
Премиерот, откако јавно го заплаши обвинителот дека ќе ги изведе луѓето на улица против него, сега целосно го има потчинето и настапува истовремено и како обвинител и како судија.
Ако улицата е решението – тогаш дојде време сите граѓани да им се придружат на семејствата на жртвите од Кочани и да побараат правда – мирно, но решително, на улица“, се додава во соопштението на ДУИ.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Улици во Чаир без вода, намален притисок во Топанско Поле

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека, денеска поради поврзување на нова со стара постоечка водоводна мрежа на улица Кемал Сејфула бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Џон Кенеди и дел од улицата Кемал Сејфула, а со намален притисок ќе остане населбата Топанско Поле во општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување на работните активности.