Македонија
Пренасочен сообраќај со Скопје поради атлетското првенство во планинско трчање

Поради одржувањето на спортската манифестација – Европско атлетско првенство во планинско трчање ќе биде пренасочен сообраќајот во Скопје. Трката во организација на Атлетска федерација на Македонија ќе се одржи во периодот од 7 до 16 часот.
Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје соопшти дека ќе воведе пренасочување на сообраќајот на улицата „Тодор Александров“ од потегот кај поранешниот објект хотел „Панорама“ па се до Средно водно, како и од село Нерези (етно село) до Средно водно. СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат времените сообраќајни мерки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Влен“: 23 години лаги, доста е!

„ДУИ и нејзините сојузници ја претворија политиката во игра на логоа и бои. Понекогаш се прогласуваат за Европски фронт, понекогаш за Национален фронт, денес под името НАИ, секој ден нов идентитет, само за да ја сокријат внатрешната криза и 22-годишните неуспеси“, велат од „Влен“.
„Ова е јасен показател за партија која не знае која е и каде оди. Еден ден зелена боја, следниот ден сина, но во секој случај, граѓаните ги гледаат истите луѓе, со истите неуспеси и истата корупција.
Во меѓувреме, “Фронтот“ еден по еден, го напуштаат, турската партија, која беше сериозна сила со околу 20 илјади поддржувачи, си замина; Мендух Тачи си замина, и ова е само почеток. Силите што во минатото жестоко се судрија едни со други, денес се обидуваат да се сокријат под заедничко лого, но граѓаните добро знаат дека ова е само фасада. Од друга страна, ВЛЕН никогаш не била поуникатна, никогаш пообединета. Го докажуваме ова секој ден, во секоја одлука и пред сè со нашите заеднички кандидатури, кои се надежта на граѓаните за промена.
Вредноста не се мери со променети логоа и бои, туку со конкретни дела за граѓаните. Во овој поглед, ВЛЕН е единствената вистинска алтернатива за промени и развој. 22 години на власт, а сега мислат дека со промена на боите и името можат да ја избришат историјата на измами. Но, Албанците не забораваат: корупцијата, пазарењето и разочарувањата не се покриени со никакво ново лого. Октомври ќе има само еден победник, а тоа е ВЛЕН!“, се додава во соопштението на „Влен“.
Македонија
Без вода денеска корисниците од улицата Црвена Скопска Општина

Од ЈП Водовод и Канализација добиено е известување дека денеска, поради дефект во шахта (промена на шибер во шахта ф 50 мм) на улицата Кеј Димитар Влахов бр.4, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Црвена Скопска Општина (сите објекти кои се наоѓаат на истоимената улица).
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работата.
Македонија
На Богородица се чека околу 30 минути

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Богородица времето на чекање е околу 30 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.