Македонија
Претежно облачно со појава на магла и слаб ветер

Променливо облачно, во одделни котлини со појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во текот на ноќта во северозападните делови ќе има врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје претежно облачно со појава на магла и со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 11 степени.
В сабота ќе има значителна промена на времето со врнежи, кои на места ќе бидат пообилни (над 25 л/м2). На планините врнежите ќе бидат од снег, а во текот на денот врнежите од дожд ќе преминат во снег и на пониските места. На планините ќе се формира поголема, а на некои пониски места помала снежна покривка. За време на викендот ќе дува засилен, повремено силен северен ветер, а температурите значително ќе се намалат и ќе се задржат ниски до средината на следната седмица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Зголемена фреквенција на возила на Табановце и Богородица, се чека околу половина час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце за влез и ГП Богородица за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од општините Студеничани, Шуто Оризари и Карпош без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од селата Патишка река, Елово, Црн Врв, Малчиште, викендици Држилово, Краст Јаболце, ХПП Патишка Река, општина Студеничани;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од улицата Метохиска, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од село Бардовци и кај викенд населбата, општина Карпош.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен водоводен дефект од ф 2”( цола) на улицата Коста Шахов бр.13 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Коста Шахов, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување.