Македонија
Претпладне сончево, попладне дожд

Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, а локално и во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната од 22 до 30 степени.
Во Скопје, претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Во наредните денови ќе се задржи нестабилно време со повремени врнежи од дожд. Утре и в среда на повеќе места врнежите ќе имаат пороен карактер во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Почина поранешниот јавен обвинител Воислав Гавровски

Почина Воислав Гавровски, поранешен јавен обвинител во републичкото Јавно обвинителство.
Гавровски беше роден на 28.06.1951 година во Тетово, а на Правниот факултет во Скопје дипломирал во 1976 година.
По дипломирањето работел во Судот во Тетово, каде напредувал до судиска функција, а потоа ја вршел и функцијата секретар во тетовската општина.
Од 1991 до 1993 година ја извршувал функцијата на заменик на општинскиот јавен обвинител во Тетово. По неколкугодишна адвокатска кариера, во обвинителството се враќа на 10.04.2003 година кога Собранието го избира за заменик на Јавниот обвинител на Република Македонија, додека од 14.04.2009 година е избран за јавен обвинител во републичкото обвинителство без ограничување на траење на мандатот. Оваа функција ја врши до пензионирањето во 2018 година.
Извесен период Гавровски беше и член на Комисијата за помилување на Претседателот на Република Македонија.
Јавното обвинителство изразува сочувство до семејството и блиските.
Македонија
Сообраќајка на автопатот Тетово-Гостивар, сообраќајот е во прекин

Од 15:50 часот во прекин е сообраќајот на автопатот Тетово – Гостивар, поради сообраќајна незгода, извести АМСМ.
Засега нема информации за состојбата на учесниците во несреќата и причините за истата.
Македонија
Фетаи и амбасадорот Вал разговараа за забрзување на евроинтерграцијата

Вицепремиерот задолжен за политики за добро владеење, Арбен Фетаи, денеска се сретна со амбасадорот на ОБСЕ, Килијан Вал, и заменик-шефот на Мисијата во Скопје, Енрика Вида.
На состанокот беше дискутирано за приоритетите на Стратешкиот план на кабинетот на заменик-претседателот Фетаи за 2025 година, со посебен фокус на борбата против корупцијата, конфискацијата на нечегално стекнатиот имот, зголемувањето на транспарентноста на институциите и за зајакнувањето на стратешкиот дијалог со Граѓанското општество.
Исто така, двете страни разговараа и за забрзување на процесот на европската интеграција на Северна Македонија и за политичките случувања во земјата и регионот.
„Експертизата и улогата на ОБСЕ се незаменливи за зајакнување на демократијата, зачувување на безбедноста и исполнување на меѓународните стандарди“, истакна Фетаи.
Тој му се заблагодари на амбасадорот Вал за континуираната поддршка на ОБСЕ за Северна Македонија, изразувајќи подготвеност за продлабочување на соработката во спроведувањето на приоритетите на кабинетот, кои кореспондираат со новата стратегија на мисијата на ОБСЕ.
„Напред, заедно, кон поправедна и побезбедна иднина“, се заложи Фетаи.