Македонија
Претпладне сончево, попладне пороен дожд

Претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне на повеќе места и особено во источните делови ќе е нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално процесите ќе бидат поинтензивни. Долж Повардарието ќе засилува северен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 24 до 34 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за појава на краткотрајна нестабилност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој повремено ќе засилува. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 31 степен.
Во следните денови во претпладневните часови времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град, понекаде и во вид на невреме. Температурите ќе се покачат, а особено топло ќе биде од почетокот на следната недела кога претежно на југоистокот ќе надминуваат 35 степени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.