Македонија
Претседавачот со ОБСЕ, Османи, на работни средби во Брисел со Борел, Џоана и Лајчак

Претседавачот со ОБСЕ, министерот Османи, престојува во Брисел, при што ќе има работни средби во ЕУ и НАТО со цел разгледување на можностите за продлабочување на соработката меѓу ОБСЕ, ЕУ и НАТО, како и разговори за актуелните надворешнополитички прашања на Северна Македонија.
Воедно, Османи ќе се обрати пред Северноатлантскиот совет на НАТО, каде што ќе ја презентира програмата за претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ оваа година.
Во рамките на посетата претседавачот со ОБСЕ ќе има и одделни средби со високиот претставник за надворешна и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел, со заменикот на генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана, специјалниот пратеник на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак, и низа други средби со високи претставници на ЕУ и НАТО.
На средбите во ЕУ главен фокус ќе биде зајакнувањето на соработката на ОБСЕ со ЕУ за време на претседавањето на Северна Македонија, како и претставување на позициите на Северна Македонија за актуелните надворешнополитичките случувања. Во НАТО-структурите и во разговорите со претставниците на алијансата, покрај презентацијата на програмата за претседавањето со ОБСЕ, Османи ќе информира и за досега остварените активности во ОБСЕ со посебен акцент на Украина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Претежно облачно со услови за дожд и снег

Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно со услови за слаб дожд, на планините и на повисоките места слаб снег, претежно во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Скопје претежно облачно, во раните утрински часови во делови од котлината ќе има услови за врнежи од слаб дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно време. По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност, а локални врнежи од дожд се очекуваат во четврток. Утринските и дневните температури ќе бидат во постепен пораст.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

ЈП Водовод и Канализација известува дека денеска поради изведување на водоводен приклучок од ф 80мм на улицата Васил Стефановски бр 2. без вода ќе останат корисниците на дел од улиците Васил Стефановски, Костурски Херои, Борка Талевски, Петар Поп Арсов, 9-ти Мај, Роза Луксенбург, Христо Смирненски во општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.
Македонија
Без струја дел од Бутел и Карпош

ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Бутел и Карпош.
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од дел улица Радишани и дел од улицата Бел камен во општина Бутел,
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од корисниците од улицата Јури Гагарин во општина Карпош.