Македонија
Претседателот на ГДУ, Петар Колев, гласаше на референдумот
Првиот човек на Граѓанско-демократската унија, Петар Колев, денеска, во својот роден град Штип, го искористи своето право на глас, соопштија од партијата. Во неколку наврати претходно лидерот на ГДУ истакнуваше дека според него референдумот е најдемократската алатка за да се дознае што сакаат граѓаните.
„Партијата Граѓанско-демократска унија ќе продолжи да се залага за наметнување на референдумите како најдиректен начин за носење одлуки за развојот на нашата земја. Ние веруваме дека граѓаните на Република Македонија знаат што е најдобро за иднината на нашата земја и ќе ја почитуваме нивната одлука“, се наведува во соопштението.
Од партијата во соопштението наведоа дека не им било дозволено да снимаат и фотографираат додека нивниот претседател гласал.
„За жал, на новинарите им беше забрането да снимаат и сликаат како претседателот на ГДУ, Колев, го искористи своето право на глас. На избирачкото место 2269 во Штип добивме изречна забрана од комисијата да фотографираме и снимаме. И на денот на референдумот за европска иднина на нашата земја се потврдија двојните аршини, кои се далеку од европските правила и вредности“, наведоа од Граѓанско-демократската унија во своето соопштение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир, Бутел и Шуто Оризари
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 11.00 часот корисниците од дел од улицата Бајрам Шабани и дел од улицата Чаирска, општина Чаир;
· во периодот од 09.00 до 10.00 часот корисниците од објектите околу Фитофарм-Визбегово, општина Бутел;
· во периодот од 09.00 до 12.00 часот корисниците позади бензинската ОКТА во Шуто Оризари, општина Шуто Оризари.
Македонија
Делови од Карпош и Шуто Оризари денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата Демирхисарска бр 13 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демирхисарска, од 17:30 часот до завршување на дефектот, општина Шуто Оризари.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Софиска 7, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Софиска, Бриселска, Петар Драганов, Његошева, Копенхагенска и Стокхломска, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Утрото постудено и магливо, преку денот сончево со мала до умерена облачност
Утрото постудено со услови за појава на магла по одделни котлини и речни долини. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 16 до 21 степен.
Во Скопје, утрото постудено, во делови од котлината магливо. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на висок воздушен притисок следува период на стабилно и суво време со постудени утра, а дневната температура ќе биде во пораст, особено во деновите од викендот. Претпладне по одделни котлини и речни долини ќе има услови за појава на магла.

