Македонија
Претставници на Јавното обвинителство и на ДКСК на работна средба за следењето на изборниот процес
Со цел ефикасна координација меѓу двете институции при следење на претстојниот изборен процес, претседателот на Комисијата за следење евентуални нерегуларности и кривични дела поврзани со изборите, јавниот обвинител Џељаљ Бајрами и претставници на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија вчера одржаа прв работен состанок со претставниците на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) предводени од претседателката на Комисијата, Татјана Димитровска.
Како што соопшти Обвинителството, на средбата се дискутирало за подготовките на Јавното обвинителство и на ДКСК, во согласност со надлежностите на секоја од двете институции, за ефикасно постапување со цел гаранција на мирен и фер изборен процес, како и санкционирање на сите оние што евентуално би се обиделе да го нарушат.
Јавниот обвинител Бајрами ги појасни составот и начинот на функционирање на Комисијата формирана во Јавното обвинителство, динамиката на постапување по предметите поврзани со изборни нерегуларности и начинот на следење на предметите оформени по пристигнати известувања на посебната електронска адреса за пријавување: [email protected]
Претседателката на ДКСК, Димитровска, ги презентира почнатите активности на антикорупциската комисија во предизборниот период и воспоставената база на податоци за службени возила што ги користат институциите како прва активност за следење на нивното користење во предизборието.
Јавното обвинителство и Државната комисија за спречување на корупцијата ќе одржуваат директна комуникација и непосредно ќе се координираат при постапувањето по сите пријави и претставки што се однесуваат на евентуални изборни нерегулaрности, се додава во соопштението на Обвинителството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Стојаноска: Да се обединиме околу ВМРО-ДПМНЕ, за конечно ДУИ и СДСМ да ги испратиме во опозиција
Носителката на листа од коаилициката Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 6, Дафина Стојаноска се обрати пред тетовчани.
Дафина Стојаноска истакна дека е време за целосно обединување на сите, без разлика на партиска, верска или национална определба. Раката на ВМРО -ДПММЕ е подадена, време е ДУИ и СДС да заминат во опозиција.
Вчерашниот мини-митинг во старо Тетово – Под Балтепе испрати силна порака дека тетовчани ги има и се со одличен резултат во првиот круг претседателски избори. Мотивирани се и за 8-ми мај. Велат дека е редно оваа криминална власт да се испрати во пензија и да дојдат луѓе кои со работа ќе го покажат патриотизмот кон Македонија.
Македонија
Ковачки: 1 милијарда евра ќе се слеат од централниот буџет во општинските буџети
1 милијарда евра ќе се слеат од централниот буџет во општинските буџети, ветува носителот на третата изборна единица на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.
„Само за Кочани планираме да одвоиме 17 милиони евра во првиот четири годишен мандат. И тука предвидуваме продолжување на експресниот пат Кочани до Делчево, реконструкција на патот Кочани до Зрновци, секако целосна реконструкција на железничката линија Кочани до Велес и во градот Кочани предвидуваме изградба на катна гаража, изградба на старечки Дом и јужниот булевар. Така што ова е еден инвестициски бум кои што ги чека нашите општини после промената на власта. Ги повикувам сите граѓани на 8мај да ни се приклучат, за проекти, реформи и да си ја вратиме Македонија повторно горда и твоја“, изјави Ковачки.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија – 1. Бојкот на избори, 2. Влада со ДУИ, и Али да одлучува кој кое министерство ќе го има
СДС знаат дека ќе изгубат катастрофално во вториот изборен круг, и наместо чесно да го прифатат поразот, тие мислат ќе го изманипулираат народот. СДС деновиве коваат две сценарија кои во суштина се завера против Македонија, велат во утринското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
„Првото е сценарио на бојкот. Европјаните и демократите од СДС кои се утепаа од крадење, сакаат да бојкотираат зошто народот не ги сака и ќе доживеат тежок дебакл. Со ова сценарио сакаат свесно да предизвикаат уставна криза. Второто сценарио е пазарџиска делба со ДУИ на ресори и министерства, каде Ковачевски му оставил на Ахмети сам да одреди колку министерства ќе му даде на СДС и кои. Толку е голем очајот, што Ковачевски прифаќа се, па и сите министерства да ги води ДУИ, не сфаќајќи дека поразот е и поради тоа што партијата го изгуби идентитетот трчајќи по тоа да му се угоди на Ахмети“, велат од партијата.
„И двете сценарија кои се во план во СДС се губитнички за Македонија и удираат по нејзините темели. Решението е масовна излезност. Мобилизација и масовна излезност. Решението и за бојкотот и за пазарџиската поделба на ресори е масовно гласање на избори. Колку поголема излезност толку поголема ќе биде победата над СДС и ДУИ. И СДС и ДУИ мора да знаат две работи, првата е дека ДУИ заедно со СДС оди во опозиција. А втората е дека ќе одговораат за криминалот. Промените и победата е во рацете на народот. За да се запрат СДС и ДУИ и да нема уцени потребна е масовна излезност. За Македонија повторно да биде твоја“, се наведува во соопштението.