Македонија
Приведена сопственичка на угостителски објект во Трубарево, бил отворен и по 21 часот

Полицијата приведе сопственичка на угостителски објект во Трубарево затоа што работел и по 21 часот.
Според информациите на МВР, вчера во Полициската станица Гази Баба било пријавено дека угостителски објект во село Трубарево работи по 21 часот. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека објектот работи и во него има гости.
Во Полициската станица бил извршен разговор со сопственичката С. С. (46) од Скопје и по целосно документирање на случајот, во координација со Државниот пазарен инспекторат, против неа ќе биде поднесена кривична пријава за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски и Таравари посетија повредени од пожарот во Кочани: „Се прават натчовечки напори, сите пациенти да закрепнат“

Денеска на Клиниката за пластична хирургија во посета на повредените пациенти од пожарот во Кочани беа министерот за здравство, Арбен Таравари заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и претставници на кризниот штаб.
„Денеска ги посетив повредените од трагичниот пожар во Кочани и присуствував на состанокот на кризниот штаб на Министерството за здравство. Им изразувам огромна благодарност на здравствените работници за нивната пожртвуваност, на соседните земји за поддршката и на сите кои помогнаа во овие тешки моменти. Борбата продолжува, а се прават натчовечки напори сите пациенти да закрепнат и да се вратат дома во добра здравствена состојба“, рече Мицкоски.
Од Министерството за здравство, пак, велат дека зравствениот систем е целосно мобилизиран со сите расположливи ресурси и капацитети во третманот и грижата за повредените лица од трагичниот настан.
Се додава дека состојбата на сите пациенти се следи континуирано и се спроведуваат конзилијарни одлуки за натамошниот третман.
Македонија
Ова не беше момент за политички пораки, туку за тивка почит кон загинатите и солидарност: Студентскиот отпор за денешните говори на Јаневска и Ангелова

На денешниот собир пред платото на УКИМ, на кој присуствуваа илјадници студенти со цел да оддадат почит за жртвите во трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, сведочевме на груба злоупотреба на болката и тагата на граѓаните од страна на институциите, реагираат од Студентскиот отпор.
„Наместо 7-минутен молк и достоинствено оддавање на почит, како што бараа студентите, ректорката на УКИМ, Билјана Ангелова, и министерката за образование и наука, Весна Јаневска, одлучија да држат говори. Ова се случи и покрај јасниот притисок од студентите да не се користи ваков трагичен момент за говори и политичка самопромоција.
Додека тие ги читаа своите подготвени изјави, неколку студенти се почувствуваа лошо и побараа итна медицинска помош. Но, наместо внимание кон оваа ситуација, ректорката и министерката продолжија со своите говори, целосно игнорирајќи ја состојбата на студентите. За нив, поважна беше ПР кампањата отколку почитта кон жртвите и здравјето на младите кои присуствуваа на собирот.
Студентите јасно и гласно порачаа дека ваквото однесување е недостоинствено и неприфатливо“.
Ова, реагираат од Студенсткиот отпор, не беше момент за политички пораки, туку за тивка почит кон загинатите и солидарност со нивните семејства. Наместо тоа, сведочевме, како што велат, на срамна институционална експлоатација на трагедијата.
„Студентски отпор го осудува ова однесување и бара одговорност од институциите. Бараме идни комеморативни настани да се организираат со вистинска почит и достоинство, без политичка инструментализација. Жртвите заслужуваат повеќе, а студентите нема да дозволат нивната болка да се користи за нечии ПР поени.
Официјалните тела за студентска репрезентација не смеат да го амортизираат гневот на студентите. Доколку се обидат да го сторат тоа, „Студентски отпор“ ќе ги поведе студентите во борба за вистинско застапување на нивните интереси“.
Македонија
СОЗР ќе обезбеди превоз и сместување за семејствата на лицата кои се лекуваат во странство

Службата за општи и заеднички работи изразува длабоко сочувство до семејствата на настраданите во страотната трагедија во Кочани и изразува поддршка за истрајност и верба за поскоро опоравување на хоспитализираните.
Ги повикуваaт семејствата на жртвите кои се лекуваат во странство и имаат потреба од превоз или сместување, да се обратат на бројот 070-270-370.
Овој број е достапен за сите на кои им е потребна поддршка при организирањето транспорт и сместување во насока на обезбедување бесплатна, брза и ефикасна помош.
Во овие тешки моменти за семејствата на настраданите, веруваме дека поддршката од овој тип ќе им биде добредојдена како не би се соочувале со дополнителни трошоци и ресурси, истакнуваат од оваа институција.