Македонија
Приведен, па ослободен поранешниот пратеник од НСДП, Љубомир Јосифовски

Поранешниот пратеник од Нова содицијалдемократска партија (НСДП), Љубомир Јосифовски, влегол во компјутерскиот систем на Централниот регистар, со што ја оштетил институцијата за 35 милиони денари.
Поранешниот пратеник синоќа бил приведен во Полициската станица Центар, а екипи на МВР направиле претрес во станот во Скопје, каде што под кирија престојувал Јосифовски и од каде што ги правел нарачките.
По обезбедувањето на материјалните докази, пратеникот бил пуштен на слобода. Против него ќе биде поднесена кривична пријава за делото оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем.
Јосифовски 30 пати неовластено влегол во компјутерскиот систем на Централниот регистар во периодот од јануари до крајот на август.
Од Централниот регистар потврдија дека е извршен упад во компјутерскиот систем.
„Упадот е извршен со злоупотреба на безбедноста и со надминување безбедносни пречки од страна на Друштвото за обработка на податоци, хостирање и слични дејности „Инфогруп“ ДОО Скопје. На тој начин ова правно лице неовластено обезбедувало податоци од регистри што ги води Централниот регистар“, велат од таму.
Од Централниот регистар потенцираат дека при упадот воопшто не се нарушени состојбата и интегритетот на податоците во сите регистри што ги води Централниот регистар.
„Сите системи и услуги на Централниот регистар непречено функционираат и се достапни за сите корисници, а податоците во регистрите се соодветно заштитени“, велат од таму.
Јосифовски беше пратеник од редовите на НСДП во Собранието во периодот од 2014 до 2016 година. Минатата година Јосифовски се кандидира за претседател на НСДП, но на седница на Централниот одбор на партијата беше одлучено Тито Петковски да биде единствен кандидат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Претежно сончево и многу топло

Времето денеска, претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Под влијание на топла воздушна маса од југ, до средината на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност.
Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C.
Во недела во попладневните и вечерните часови ќе има услови за локална нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.
Македонија
Без вода делови од Гази Баба и Кисела Вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска ( четврток) поради изведување на водоводен приклучок од ф – 80 мм на ул. Михаил и Евтихиј бр. 33 во населба Кисела Вода, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од ул. Михаил и Евтихиј. ( општина Кисела Вода).
Од таму со соопштение дека поради изведување на водоводен приклучок од ф – 100 мм на ул. 30 во населба Трубарево, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од населба Трубарево. ( општина Гази Баба ).
Македонија
Тошковски од Мала Преспа: Македонскиот дух тука живее силно и гордо

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со министрите за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков се во посета на Македонците во Мала Преспа каде присуствуваат на фестивалот „Македонско културно лето“–симбол на истрајноста и духот на македонската заедница во Албанија.
„Фестивалот претставува жив сведок на богатството на македонската култура, уметност и традиција и испраќа јасна порака дека македонскиот идентитет не познава граници. Наша обврска е да го зачуваме и промовираме, секаде каде што чука македонско срце”, потенцираше министерот Тошковски.
Во рамки на посетата на Пустец министрите остварија средба со градоначалникот на Општина Пустец, Пали Колевски со кого разговараа за конкретни начини на поддршка од страна на македонската држава.
„Како Министерство за внатрешни работи, подготвени сме да го олесниме процесот за издавање на лични документи на оние жители кои имаат македонско државјанство и да преземеме мерки за олеснување на граничниот проток на преминот Стење, особено во сезоната на берба на јаболка, кога многу жители од овој крај доаѓаат на работа во Ресенскиот регион“, истакна министерот Тошковски.
Присутните вечерва имаа чест да го проследат настапот на велешкиот театар – силна потврда дека македонската култура обединува, каде и да се наоѓа.
„Мала Преспа е прекрасна, но уште повредно е чувството дека македонскиот дух тука живее силно и гордо“, заврши министерот Тошковски.