Македонија
Привремено затворен објектот за згриживање деца и детска заштита „Ташко Караџа“, поради појава на морбили

Министерството за труд и социјална политика информира дека во следните 15 дена објектот „Ташко Караџа“ во скопската населба Радишани, кој е во состав на ЈОУДГ „11 Октомври“ во општина Бутел, нема да згрижува деца поради поголемен број заболени деца од морбили.
„Забраната стапува на сила веднаш, а е издадена од Комисијата за заразни заболувања и надлежната епидемиолошка служба. Денеска во 17 часот се прави вонредна дезинфекција на објектот ‘Ташко Караџа’, а МТСП ќе продолжи секојдневно да ја следи состојбата со заразната болест“, информираа од Министерството.
Оттаму додаваат дека исто така Министерството ќе даде препорака за вонредна дезинфекција во сите установи коишто згрижуваат деца од предучилишна возраст.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Несреќа на патниот правец Берово – Виница, сообраќајот е во прекин

АМСМ извести дека се случила сообраќајна незгода на патниот правец Берово – Виница, кај село Будинарци.
Порад незгодата од 07:30 часот сообраќајот е во прекин, додаде АМСМ.
Македонија
Опожарено возило во Аеродром

Во периодот од 01:40 до 02:40 часот, пожарникарите гаснеле запалено патничко моторно возило, на површина од 2м2 на булеварот Видое Смилевски – Бато, општина Аеродром.
Интервенцијата ја извршиле тројца пожарникари со едно возило. Материјалната штета изнесува 9000 денари, извести Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Македонија
Сарај и Кисела Вода денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
– Во периодот од 08:15 – 14:00 часот дел од село Кондово пред Медреса, општина Сарај;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот делот позади Стаклара, општина Кисела Вода;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот МВ Каменик, с.Усје, општина Кисела Вода.