Македонија
Приемната канцеларија на ЕВН во Дебар ќе биде затворена во следните 14 дена поради коронавирусот
Во интерес на јавното здравје и по препораките од Комисијата за заразни болести и Министерство за здравство, ЕВН презеде низа мерки за заштита на здравјето на вработените и корисниците.
Од компанијата велат дека во целост ќе се почитуваат мерките и препораките од последната владина седница, а се однесуваат на справување со заканата од коронавирусот.
„Со цел намалување на заканата за ширење на вирусот, апелираме фреквенцијата на корисници во приемните канцеларии во корисничките енергоцентри и во инфо-центарот во ГТЦ да се намали на минимум и да се користи и почитува електронскиот систем за ред на чекање. Ве молиме, посетите на приемните канцеларии да се прават само за неодложни барања и услуги. Следните 14 дена, додека важат мерките за заштита, нема да работи приемната канцеларија на ЕВН во Дебар“, велат од ЕВН.
Други информации и услуги корисниците може да добијат на веб-страницата www.evn.mk, да пратат допис на [email protected] или да ги користат онлајн-услугите на www.evnonline.mk.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

