Македонија
Пријава против Петар Богојески за ширење говор на омраза против бошњачката заедница
Четворица подносители најавуваат дека утре (27 мај) ќе поднесат кривична пријава против лидерот на партијата Македонски концепт, Петар Богојески, поради, како што велат, ширење говор на омраза, дискриминација и повикување на насилство кон одредени заедници, преку социјалните мрежи.
Покрај поднесувањето на пријавата најавени се и обраќања на граѓански активисти од бошњачките невладини организации.
„Со своите објави на фејсбук-странiицата и на приватниот профил, Богојески предизвикува национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост. Тој исто така јавно шири говор на омраза против ромската заедница и припадниците на исламската заедница, која е во спротивност на темелните вредности на нашата држава“, велат подносителите на најавената пријава, Мерсиха Смаиловиќ, Селма Ризвановиќ, Аделаид Каришиќ и Изета Бабачиќ.
Понатаму во соопштението се цитира објава која Богојески, за кого се нагласува дека е и државен советник во Министерството за одбрана, на 24 мај ја напишал на социјалните мрежи: „Глумицо една, јас не сум ти крив што се мразиш себеси и кожата ти српска во која си се родила! Не сум јас крив што си го мразиш племето свое од каде потекнуваш!“.
Подносителите посочуваат дека овој пост бил наменет на припадничката на бошњачката заедница Мерсиха Смаиловиќ, која, како што велат, десетина дена е мета на контиуниран напад и говор на омраза на фејсбук-страницата и профилот на Петар Богојески.
Според подносителите, во некои од коментарите Богојески директно се повикувал на геноцидот, агресијата, силувањата и уништувањето на бошњачкиот народ во времето на агресијата на територијата на БиХ, од 91 до 95 година.
„На лице кое е припадник на бошњачката заедница му реплицира: ‘Ризвановиќ Едо, не ви дојде памет уште? Во деведесеттите?!? Уште сакате?’“, се наведува во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Непречен сообраќај низ државата по влажни коловози, слаб снег на Попова Шапка и Ѓавато
Од 12 часот блокиран е сообраќајот за излез од државата за тешки товарни возила на ГП Стар Дојран, ГП Богородица и ГП Меџитлија. Од 12:20 часот блокиран е сообраќајот за излез од државата за тешки товарни возила на ГП Ќафасан и ГП Блато, извести АМСМ.
Од 12:00 часот пред ГП Долно Блаце започнат е протест на превозници со тешки моторни возила, поради што товарниот сообраќај кон ГП Долно Блаце се пренасочува кај БП Дизел, а останатиот сообраќај се одвива нормално. Од 12 часот отпочнати се блокади и на ГП Деве Баир, ГП Делчево и ГП Ново Село, велат од АМСМ.
Сега засега блокиран е само сообраќајот за ТТВ за излез од државата додека за останатите категории на возила се одвива непречено.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,по влажни коловози. Снег со слаб интезитет паѓа на Попова Шапка и Ѓавато кој во моментов не се задржува на коловозот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Карпош и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани прекини и тоа:
– во периодот од 08:30 до 15:00 часот, корисниците на улицата Ордан Поп Јорданов. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09:00 до 15:00 часот, дел од корисниците на улицата Римска. (општина Карпош)
Македонија
Променливо облачно, претпладне со повремен дожд
Претпладне променливо облачно, во источните делови со повремен локален дожд во пониските, дожд и снег на повисоките места, а на планините слаб снег. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремен дожд. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во среда кон крајот на денот и во четврток, повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Од петок ќе преовладува променливо облачно време со услови за слаби локални врнежи од дожд и снег. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање.

