Македонија
„Пријатели на проширувањето“: ЕУ должи одлука за прием на земјите од регионот
Вчера и денес, министрите за надворешни работи на Република Полска – Јацек Чапутович, Република Латвија – Едгарс Ринкевич, Република Литванија – Линас Линкевичиус и заменик-министерот за европски прашања на Естонија – Март Волмер, во својство на претставници на групата земји членки на ЕУ – „Пријателите на проширувањето“, се во посета на Македонија во пресрет на дискусиите во Советот за општи работи на ЕУ за носење на одлуката за почеток на пристапните преговори со ЕУ.
Во рамките на посетата имаа средба со министерот за надворешни работи, Никола Димитров, кој рече дека го радува на посетата на високите претставници од четирите пријателски земји.
„Пред неколку дена имавме ажуриран извештај од Европската комисија, кој на прецизен, фактографски и недвосмислен начин констатира дека Северна Македонија и покрај разочарувањето од октомври минатата година, ги зголемила напорите и испорачала натамошни суштествени и одржливи резултати во клучните области идентификувани од страна на Советот на ЕУ во јуни 2018 година, притоа потврдувајќи ја како важечка препораката за почеток на преговорите за членство во ЕУ. Со новата методологија и охрабрувачките сигнали, искрено се надевам дека овој пат препознавањето на шансата за заеднички успех ќе биде консензуално“, рече Димитров.
Од страна на соговорниците беше истакната целта на нивната посета – изразување солидарност и гласна поддршка за нашите ЕУ-аспирации.
Министерот за надворешни работи на Полска, Јацек Чапутович, изрази надеж дека ЕУ набргу ќе почне преговори за членство на Северна Македонија и Албанија.
„Има една етичка димензија на членството на земјите од регионот во ЕУ. Унијата им должи на овие земји одлука да ги прими во ЕУ, а тоа е долг кон општеството и граѓаните. Тука е и безбедносната димензија и има и други актери надвор од ЕУ, кои се активни во регионот, па така одлука за почеток на преговорите ќе го спречи негативното влијание“, рече Чапутович.
Министрите изразија признание за досега испорачаните позитивни резултати и охрабрување тие да продолжат и во иднина заложувајќи се да бидат гласноговорници на заедничката цел – чекор поблиску до ЕУ-семејството, што е од стратешки интерес не само за нас туку и за самата Унија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

