Македонија
Продавници, маркети, аптеки во Општина Кисела Вода кои ќе работат онлајн на полицискиот час
Општина Кисела Вода известува дека дека викендов за време на продолжениот полицискиот час, на оваа територија ќе работат неколку деловни субјекти кои се занимаваат со достава на храна и лекови на територија на Кисела Вода, а претходно аплицираа на Јавниот повик на локалната самоуправа.
Имено, за онлајн работа за достава на неопходни прехранбени намирници, в сабота и в недела, достапни ќе бидат следните локални продавници, маркети, ресторани и аптеки кои ќе вршат достава на продукти:
ТИНЕКС-МТ ДOОЕЛ, www.e-tinex.mk
ТДППУ Веропулос ДООЕЛ Скопје, телефон 075-499-782, 075-488-129
ТП Гоги , телефон 02-2763-094, 02/2779094, [email protected]
Ледо Компани, телефон 078-268-838, 070-866-776
Трежр-ДООЕЛ, телефон 074-242-444, [email protected]
Киноа Трејд ДООЕЛ увоз-извоз, телефон 072-266-976, [email protected]
Јухор Елена ДООЕЛ месарници, телефон 075-745-383, 02-5111-772, [email protected], MSN:MESARNICI JUHOR
Гостилница Инна-Ерна ДООЕЛ, телефон 075-926-692
ДТПУ Турбо ДООЕЛ увоз-извоз, телефон 075-531-941, 075-711-629, [email protected]
ТОЛЛАКС ДОО Скопје, телефон 070-220-882, 02/616-0977, [email protected]
Друштво за трговија на големо и мало ДЕНИЕЛ Сузана и Зоран експорт импорт ДОО Скопје, телефон 02-279-1134, [email protected]
Друштво за трговија и услуги Маркет Детелин ДООЕЛ Скопје-подружница Детелина Скопје, телефон 078-233-416, 072-316-573, [email protected]
Угостителски објект за исхрана ЕМ-МЕР ТП, телефон 071-566-521, [email protected]
ПЕТ ЕКСПЕРТ ДООЕЛ Скопје, телефон 071-276-568, [email protected]
Петар Транс ДООЕЛ Скопје, телефон 078-373-507
Дежурна аптека ќе биде аптеката „Зегин”- Драчево 1, лоцирана на ул. Димитрија Чуповски бр. 68 во населбата Драчево. Телефонскиот број на ова аптека е 078/478-204. Истата ќе биде отворена од 7:30 до 15:00 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре без вода дел од корисниците во Центар
Утре без вода ќе останат дел од корисниците во Општина Центар, информира РЦУК – Скопје.
„Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 09.01.2026 година ( петок ) поради уличен дефект на ул. Васил Ѓорѓов б.б – пред ОУ Киро Глигоров, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улиците Васил Ѓорѓов, Адам Мицкиевиќ, дел од корисниците од улиците Киро Глигоров и Козара, како и објектот на заводот за физикална медицина и рехабилитација. (општина Центар0“, се наведува во информацијата.
Македонија
Мицкоски му одговори на Филипче: Имаме незрела, безидејна и неодговорна опозиција
Имаме неодговорна, неконструктивна, незрела и безидејна опозиција која се служи со вакви квалификации како што денеска ги слушнавме од господинот Филипче, вели премиерот Христијан Мицкоски, по прес – конференцијата на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, кој кажа дека нема да има лидерска со криминалци. Според Мицкоски, пораките од опозицијата се збунувачки, затоа што прво тие барале лидерска средба, а сега ја одбиваат.
„Мислев дека со овој повик ќе покажеме зрелост и широчина и на тој начин ќе можеме како политички чинители да се обединиме. Тема на лидерската средба не беше само законот за техничката влада. Ако така незрело и неодговорно се однесуваме како опозицијата, тогаш нам лидерската средба не ни е ниту потребна и можеме со 61 глас да го смениме законот за влада и да ја избришеме техничката влада Но, ние сакавме целиот процес да биде инклузивен“, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање.
Тој додаде дека на средбата сакале да се зборува и за реформската агенда, за законите од областа на правосудството, јавното обвинителство и други области преку еден инклузивен процес.
„Но, ете, за жал, имаме неодговорна, неконструктивна, незрела и безидејна опозиција која се служи со вакви квалификации како што денеска ги слушнавме на прес – конференцијата на господинот Филипче. Однесувањето на Филипче, очигледно, на ваков тип обраќање на јавноста е составен дел од неговиот менаџерски договор што го има потпишано со СДСМ, договор да се служи со навреди“, рече Мицкоски.
Премиерот кажа дека, сепак, ќе испратат формални покани за средбата која била планирана за 14 јануари.
„Но, тоа е негов избор. Ние, сепак, формално денес или утре ќе ги испратиме поканите за средба. Планирано беше на 14 јануари во Клубот на пратениците да се одржи таа лидерска средба. Пораките се збунувачки, тие бараа лидерска средба, а сега ја одбиваат. Збунувачки и неодговорно е ваквото однесување на опозицијата“, рече Мицкоски.
Македонија
За една недела 1.725 заболени од грип, пикот се очекува на крајот на јануари и почетокот на февруари
Во периодот од 29 декември 2025 година до 4 јануари 2026 година пријавени се 1.725 случаи на грип, што е за 2,2 пати повеќе во споредба со неделата претходно, кога бројката на пријавени случаи изнесувала 771 заболен, информира директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска.
Споредено со истата недела од мината сезона, бројот на заболени од грип е зголемен за 5,2 пати.
Според возраста, најголем дел од заболените лица или 749 се од возрасната група помеѓу 15 и 64 години, потоа 618 се деца на возраст од пет до 14 години, 229 од заболените се деца на возраст од нула до четири години и 129 лица се на возраст над 65 години.
„Согласно овие податоци во Македонија имаме висок интензитет на вирусот на грип со очекување за натамошно зголемување во наредниот период“, рече Андоновска и додаде дека сепак, ваквата ситуација не е нешто ново, имајќи предвид дека се наоѓаме среде период на празници со многу прослави и собири на луѓе, што го зголемува ризикот од трансмисија на вирусот.
Андоновска кажа дека пикот се очекува да биде во втората половина од овој и првата половина од февруари.
„Со враќањето на децата во училиште очекуваме дека и бројот на лица коишто ќе бидат заболени од грип или заболувања слични на грип може да биде зголемен“, рече Андоновска.
Институтот за јавно здравје препорачува оние коишто не се заболени да избегнуваат колку што е можно некакви собири или да престојуваат во простории или трговски центри каде што има голем број на луѓе, да избегнуваат контакт со веќе заболени лица или оние што ќе пројават некакви симптоми на кивање и кашлање. Често да се мијат раце со обичен сапун и вода, да се проветруваат просториите, да се почитуваат здрави животни навики – редовна хидратација со течности односно вода, лесна храна, витамини, минерали.

