Контакт

Македонија

Променети линиите на ЈСП поради Скопскиот маратон

Објавено пред

Поради одржување на Скопскиот Маратон 2018“ во периодот од 07,00 до 14,00 часот ќе биде променет режимот на работа на линиите на Јавниот градски превоз, соопшти ЈСП.

dobivaj vesti na viber

– Линија бр. 3: Од Спортска сала МЗТ до Југодрво по своја траса, продолжува по ул. Кирил и Методиј (Рамстор) – Kл.Центар – Комплекс Панорама. Вo oбратна насока: Комплекс Панорама – ул. Јордан Мијалков, подвозник, бул.Кочо Рацин (Jугодрво) – Tр. Центар – ул.Владимир Комаров – ул.Васко Каранѓелески – Сп.Сала МЗТ.

– Линија бр. 3Б: Од Кванташки Пазар до Jугодрво по своја траса, продолжува по ул. Кирил и Методиј (Рамстор) – Kл.Центар Комплекс Панорама. Вo oбратна насока: Комплекс Панорама – ул. Јордан Мијалков, подвозник, бул.Кочо Рацин (Jугодрво) – Tр. Центар – ул.Владимир Комаров – ул.Васко Каранѓелески – бул.АСНОМ – Кванташки Пазар.

– Линија бр. 4: oд Хрoм дo Соборен Храм по бул. Партизански Одреди, мост Гоце Делчев, бул. Гоце Делчев, бул. Крсте Мисирков, бул. Кочо Рацин, подвозник, ул. Aнтон Попов, ул.Димо Х.Димов, ул. Борис Трајковски и обратно.

– Линија бр. 5: Од Дексион – ул.Ѓ.Петров, бул. Партизански Одреди, бул. Г.Делчев, бул. Крсте Мисирков, бул. К.Ј.Питу, ул. Владимир Комаров, ул. Васко Карангелевски, Сп.Сала MЗТ, Бул.АСНОМ, Ново Лисиче, a oбратно од Ново Лисиче до Комплекс Банки по својата траса, бул. Крсте Мисирков, бул.Гоце Делчев, бул.Партизански одреди, ул. Ѓ. Петров и Дексион.

– Линија бр. 7 : oд Карпош 3 до Соборен Храм по нормална траса, бул. Гоце Делчев, бул. Крсте Мисирков, бул. К.Ј.Питу, ул. Владимир Комаров, ул. Коста Новаковиќ, кај поликлиника Јане Сандански врти десно па лево покрај бензиска пумпа на Макпетрол, бул. 3 Македонска Бригада и продолжува по својата траса, a вo oбратна нaсока по бул.3-та Македонска Бригада, десно кај бензиска пумпа на Макпетрол, ул. Коста Новаковиќ, ул. Владимир Комаров, бул.Jaнe Сандански, бул. К.Ј.Питу, бул. Крсте Мисирков, бул. Гоце Делчев, бул. Партизански Одреди до Карпош 3.

– Линија бр. 8: Влае – бул.Партизански Одреди, мост Г.Делчев, бул.Гоце Делчев – Битпазар и продолжува по својата траса, а во обратната насока по истата променета траса.

– Линија бр. 9: Кл. Центар – ул. Јордан Мијалков, подвозник, бул.Кочо Рацин (Jугодрво) и продолжуваш по својата траса, а во обратната насока по редовната траса.

– Линија бр. 15 и 15а: од Карпош 4 до Соборен Храм по траса на линија 15, бул. Г.Делчев, бул. Крсте Мисирков, бул. К.Ј.Питу, ул. Владимир Комаров, ул. Васко Карангелевски, Сп.Сала MЗТ,бул. АСНОМ, Ново Лисиче, a oбратно од Ново Лисиче до Комплекс Банки по својата траса, бул. Крсте Мисирков, бул.Гоце Делчев, бул.Партизански одреди до Карпош 4.

– Линија бр. 16: Железара – Б.Пазар– Југодрво и продолжуваш по своја траса, а во обратната насока по иста променета траса.

– Линија бр. 21: Тр.центар, бул. К.Ј.Питу, бул. Крсте Мисирков, бул. Г.Делчев, бул.Партизански Одреди и продолжуваш по своја траса, а во обратната насока по иста изменета траса.

– Линија бр. 22: Тр.центар, бул. К.Ј.Питу, бул. Крсте Мисирков, бул. Г.Делчев, бул.Партизански Одреди и продолжуваш по своја траса, а во обратната насока по иста изменета траса.

– Линија бр. 23: oд Дoм нa Пeчaт, ул. Јордан Мијалков , подвозник, бул.Кочо Рацин (Jугодрво), ул. Владимир Комаров, – ул.Васко Каранѓелески – Сп.Сала MЗТ, Бул.АСНОМ и продолжува по својата траса, a вo oбратна нaсока до мостот близнак оди по своја траса, бул. Србија, бул.Jaнe Сандански, бул. К.Ј.Питу, бул. Кочо Рацин, ул. Кирил и Методиј (Рамстор), Дoм нa печат.

– Линија бр. 24: Почетна станица Карпош 3 (почетна 7 и 59), бул. Илинден, ул. Бледски Договор, бул. Партизански Одреди , бул. Г.Делчев, бул. Крсте Мисирков, бул. Кочо Рацин и продолжуваш по своја траса. Во обратна насока по истата траса до Карпош 3.

– Линија бр. 25 (Милениумски крст): Тр.центар, Југодрво, ул.Кирил и Методиј (Рамстор), бул. Мајка Тереза и продолжува по својата траса, а во обратната насока по ул. Јордан Мијалков, подвозник, бул.Кочо Рацин (Jугодрво), до Транспортен центар.

– Линија бр. 27: oд Дoм нa Пeчaт, ул. Јордан Мијалков , подвозник, бул.Кочо Рацин (Jугодрво), ул. Владимир Комаров, ул. Коста Новаковиќ, бул. 3 Македонска Бригада и продолжува по својата траса, a вo oбратна нaсока по бул.3-та Македонска Бригада, бул. Србија, бул.Jaнe Сандански, бул. К.Ј.Питу, бул. Кочо Рацин, ул. Кирил и Методиј (Рамстор), Дoм нa печат.

– Линија бр. 28: Тр.центар, Југодрво, ул.Кирил и Методиј (Рамстор), бул. Мајка Тереза, ул. Васил Ѓоргов, ул. Козле и продолжува по својата траса, а во обратната насока по ул. Козле, ул. Васил Ѓоргов, ул. Јордан Мијалков, подвозник, бул.Кочо Рацин (Jугодрво), до Транспортен центар.

– Линија бр. 50: Кл. Центар, ул. Јордан Мијалков, подвозник, бул.Кочо Рацин (Jугодрво), Битпазар и продолжуваш по својата траса, а во обратната насока, од Битпазар продолжуваш по бул. Кочо Рацин, ул. Кирил и Методиј (Рамстор) и Кл.Центар.

– Линија бр. 57: Козле, ул. Јордан Мијалков, подвозник, бул.Кочо Рацин (Jугодрво), Битпазар и продолжуваш по својата траса, а во обратната насока, од Битпазар продолжуваш по бул. Кочо Рацин, ул. Кирил и Методиј (Рамстор) и Козле.

– Линија бр. 59: Од Карпош 3 до Соборен Храм по своја траса, бул. Г.Делчев, Битпазар, Бутел – до К.Бара. Во обратната насока по истата променета траса.

– Линија бр. 59А: К.Вода, бул. Кочо Рацин, Битпазар и продолжуваш по својата траса. Во обратната насока по истата променета траса.

– Линија бр. 59Б: Ново Лисиче, бул.Јане Сандански, бул. К.Ј.Питу, бул. Крсте Мисирков и продолжуваш по својата траса, а во обратната насока од Битпазар, Судска палата, Комплекс банки, Тр.центар, ул.Владимир Комаров, ул.Васко Карангелески, бул.АСНОМ и Ново Лисиче

– Линија 31, 41, 51, 67 и 70: Тр.центар, бул. Кочо Рацин, подвозник, ул.Антон Попов, ул.Димо Х.Димов, ул.Борис Трајковски и продолжуваш по својата траса. Во обратната насока по истата променета траса.

– Линија 58: Тр.центар, , бул. Кочо Рацин, подвозник, ул.Антон Попов, ул.Димо Х.Димов и продолжуваш по својата траса. Во обратната насока по истата променета траса.

Поради одржување на „Скопскиот маратон 2017“, на ден 06.05.2018 год.туристичката линија „Sity tour“ која поаѓа од Порта Македонија нема да сообраќа.

Сите линии кои го користат Мост Гоце Делчев како дел од трасата на движење во периодот од 8,00 до 9,30 часот поради затворање на истиот, да користат алтернативна траса преку ул. Јордан Мијалков, бул. Македонија (Јужен Булевар) – во една и ул.Кирил и Методиј (Рамстор) во друга насока.

Линии со непроменета траса

а) Градски линии: 2, 2А, 12, 19, 20, 22А, 45 и 65В

б) Приградски линии: 11, 18, 47, 47а, 53, 55, 56, 60, 61, 63, 63а, 63б, 65, 66, 68, 69, 71,81, 160, 164,

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ избра нови претседатели на повеќе партиски комисии

Објавено пред

На првата редовна седница на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, донесени се одлуки за кадровски освежувања и распишување огласи за раководни позиции во партијата, информира премиерот и лидер на партијата, Христијан Мицкоски, преку објава на Фејсбук.

dobivaj vesti na viber

Извршниот комитет одлучил да распише огласи за избор на нови претседатели на Унијата на млади сили, Унијата на жени и Унијата на ветерани, како и генерален избор на претседатели на сите општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ.

На седницата биле избрани и нови претседатели на повеќе партиски комисии. За претседател на Комисијата за здравство е избран Сашо Клековски, на Кадровата комисија Благоја Ташаминов, на Комисијата за безбедност и одбрана Панче Тошковски, додека за претседател на Комисијата за туризам е избран Аккан Махмут.

За претседател на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје е избран Златко Перински.

„Промени. Го слушаме гласот на членството. Вистинскиот избор за заедничка иднина!“, напиша Мицкоски во објавата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Даниел не се замерил со никого, мотивот најверојатно е пари, рече адвокатот на Кајмакоски кој по киднапирањето е стабилен, но под стрес

Објавено пред

Македонскиот пејач, Даниел Кајмакоски, беше киднапиран во Белград ноќта меѓу сабота и недела, а по трауматичниот настан моментално се опоравува, со поддршка од семејството и најблиските.

dobivaj vesti na viber

Неговиот адвокат Бранислав Станишиќ потврди дека Кајмакоски е физички стабилен, но дека последиците од шокот сè уште се присутни.

Како што наведе, истрагата е во тек.

„Истрагата е во тек и таа ќе потрае. Што се однесува до Даниел, тој е психички и физички добро, што во овој момент е најважно за него и за семејството. Оваа ситуација остави, условно кажано, последици од шок, но фала му на Бога, ги надминува“, изјави Станишиќ, пренесоа српските медиуми.

„Ако ме прашате за самиот случај, не можеме да изнесеме премногу информации додека осомничените за извршување на ова гнасно кривично дело не бидат приведени пред правдата, бидејќи потрагата по нив сè уште трае. Во договор со полицијата, во овој момент не можеме да споделиме повеќе детали. Осомничените го напуштиле местото кај Рума, односно локацијата каде што автомобилот останал запрен по удар во банкина. Оттогаш ја напуштиле таа област и по нив сè уште се трага“, додаде адвокатот.

Тој изјави дека потрагата се движи во насока на лица кои најверојатно се од турско потекло.

„Засега тоа е информацијата со која располагаме. Најверојатно не се државјани на Република Србија. Зборувале на турски јазик или на некој сличен, а и нивниот изглед упатувал на тоа дека се од некоја таква земја. Не знаеме дали станува збор за мигранти или во каков статус престојувале тука. Со Даниел сум во постојан контакт и реагираме во координација со полицијата“, рече Станишиќ.

Адвокатот нагласи дека Кајмакоски не се замерил со никого и дека немал причина да претпостави дека би можело да му се случи вакво нешто.

„Даниел пред сè е уметник и не е човек кој би можел да препознае знаци дека некој евентуално го следи. Тој лично не забележал ништо. Никогаш никому не му замерил, нема причина некој од лични побуди да посегне по него. Да имало некаков сомнеж, веројатно и самиот би помислил дека нешто вакво може да се случи. Својот работен ангажман го извршува професионално и никогаш не бил дрзок или навредлив кон некого“, изјави Станишиќ.

Тој додаде дека според нивната проценка, мотивот најверојатно бил материјална корист.

„Ова најверојатно е направено со цел стекнување материјална корист. Даниел има доверба во полицијата и убедени сме дека тие професионално ќе си ја завршат работата. Се надеваме дека потрагата по осомничените ќе заврши брзо, бидејќи полицијата е на висина на задачата“, заклучи адвокатот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Четворица заболени од шуга во касарната во Велес, епидемиологот Оранска рече дека болеста е донесена однадвор

Објавено пред

Кај четворица слушатели на курсот за професионални војници во велешката касарна е потврдена шуга. Тие се пуштени на домашно лекување и се во стабилна состојба, додека од Армијата велат дека се спроведени здравствени протоколи и дека состојбата на останатите слушатели е под редовен надзор.

dobivaj vesti na viber

Потполковник Лариса Оранска, епидемиолог во Воено-медицинскиот центар, информира дека првиот случај бил регистриран минатиот четврток, по што веднаш бил извршен увид и биле активирани превентивни мерки. Заболеното лице било упатено на специјалистички преглед и домашно лекување, а потоа бил спроведен вонреден здравствен надзор.

Сите присутни војници биле прегледани, при што лицата со кожни промени биле дополнително упатени на специјалист. Останатите се без симптоми и продолжуваат со редовните активности. Оранска посочи дека болеста не потекнува од Армијата и дека, според проценките, е внесена однадвор.

„Шугата сигурно е донесена однадвор. Досега не сме имале во Армијата случај нити кај старешините, нити кај професионалните војници. Тоа е сигурно внесено однадвор“, изјави Оранска.

Во објектите каде што се сместени слушателите е спроведена целосна дезинфекција, дезинсекција и дератизација. Надзорот ќе продолжи секојдневно, имајќи предвид дека инкубацијата на болеста може да трае од 10 дена до шест недели.

Портпаролот на Генералштабот, потполковник Дарко Стерјовски, изјави дека условите во касарната се во согласност со правилниците и ги отфрли наводите за несоодветни услови, вклучително и тврдењата дека нема топла вода. Според него, во објектот има соодветно греење и услови за нормален живот и обука.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

ВМРО-ДПМНЕ избра нови претседатели на повеќе партиски комисии

На првата редовна седница на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, донесени се одлуки за кадровски освежувања и распишување...

Свет5 часа

ЕУ забранува уништување на непродадена облека и обувки

Европската комисија денеска усвои мерки со кои се спречува уништување на непродадена облека, модни додатоци и обувки, со цел да...

Македонија6 часа

Даниел не се замерил со никого, мотивот најверојатно е пари, рече адвокатот на Кајмакоски кој по киднапирањето е стабилен, но под стрес

Македонскиот пејач, Даниел Кајмакоски, беше киднапиран во Белград ноќта меѓу сабота и недела, а по трауматичниот настан моментално се опоравува,...

Македонија7 часа

Четворица заболени од шуга во касарната во Велес, епидемиологот Оранска рече дека болеста е донесена однадвор

Кај четворица слушатели на курсот за професионални војници во велешката касарна е потврдена шуга. Тие се пуштени на домашно лекување...

Македонија8 часа

„Сите сме под стрес“: сопругата на пејачот Даниел Кајмакоски разговараше со медиумите по киднапирањето

Сопругата на македонскиот пејач Даниел Кајмакоски, Марина, се огласи еден ден по неговото киднапирање . Имено, ноќта меѓу сабота и...

Топ11 часа

Гостиварец пронашол кинески гранати под карпа покрај река

Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна...

Македонија12 часа

За една недела, 4.991 прекршок преку системот „Безбеден град“, најмногу за брзо возење

Во периодот од 02.02.2026 до 08.02.2026 од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се...

Топ12 часа

Кривична пријава за сопственик на фирма од Охрид по смртта на негов вработен, не му обезбедил соодветна обука

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.М.(43) од Охрид и против правен субјект со седиште во Охрид, поради постоење основи...

Македонија13 часа

ОЈО ГОКК: Се разменуваат информации со српското обвинителство за да се утврди евентуална поврзаност на двата случаи и потеклото на марихуаната

Во рамките на опсежната акција што се спроведува изминатиот период, а во која до сега се запленети над 40 тони...

Македонија13 часа

Министри и градоначалници на средби со високи претставници на УНЕСКО во Париз, ќе се разговара за статусот на Охрид

Делегација на Владата во состав: заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна...

Македонија14 часа

Утре ССМ ќе го блокира Собранието: Најмалку 250 евра за пратениците, а ни 25 за работниците е срамно

Сојузот на Синдикатите на Македонија (ССМ) денес испрати уште еден повик до работниците утре во 9 часот да излезат на...

Македонија15 часа

„Немирната совест го натера Заев на панични реакции“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Заев, основачот на марихуана бизнисот во Македонија, не спие мирно. Немирната совест го натера Заев на панични реакции уште во...

Свет16 часа

Врските на Епстин со Силиконската долина биле многу повеќе од комуникација само со Гејтс и Маск

Најновото објавување на милиони документи од Министерството за правда на САД поврзани со осудениот педофил Џефри Епстин фрли нова светлина...

Европа17 часа

Празната украинска амбасада во Москва казнета поради неплаќање струја

Московскиот суд ѝ наложи на украинската амбасада во Русија, која е затворена од почетокот на руската инвазија во февруари 2022...

Европа17 часа

(Видео) Моќен напад со дронови врз Одеса: погодена зграда, едно лице загина

Руските сили извршија серија напади со ракети и беспилотни летала врз неколку украински градови во текот на ноќта. Во Одеса,...

Европа17 часа

Зеленски: Русија секојдневно ја напаѓа нашата железничка инфраструктура

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија речиси секојдневно ја напаѓа железничката инфраструктура на Украина, но дека Киев сè уште...

Македонија18 часа

Почувствуван земјотрес во Тетово и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера вечер во 23...

Македонија1 ден

Војници во влага, на перници стари со децении, со прибор стар 20 години и руинирани тоалети – синдикатот алармира по појавата на шуга во велешката касарна

Независниот синдикат на професионални војници, реагира поради појавата на шуга кај новопримените професионални војници во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“...

Македонија1 ден

Српската полиција се огласи по киднапирањето на Даниел Кајмакоски: Се трага по двајца осомничени

Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека полицијата трага по две лица осомничени за киднапирање на македонскиот пејач Даниел...

Македонија1 ден

(Видео) Договорено покачување на платите за околу 11.000 административци до 2028 година

Околу 11.000 вработени во јавната администрација, судовите и обвинителствата ќе добијат покачување на платите од речиси 40 отсто до 2028...