Македонија
Променливо облачно време со врнежи од дожд и снег на планините

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.
Локално особено на југоистокот ќе има услови за нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен ветер претежно од северозападен, а во југозападните делови од југозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16 степени.
Во Скопје претежно облачно со повремен дожд и со умерен северозападен ветер.
Максималната температура ќе достигне 10 степени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Заев: Најостро и категорично ги отфрлам лагите и клеветењата од Мицкоски за наводни „куферчиња со пари од поранешен премиер од Бугарија“

„Небулози, клевети и навреди се методите на Мицкоски со кои сака да се оправда за катастрофата која и ја нанесува на целата држава. Неспособноста да испорача макар и еден единствен резултат во која било сфера од општеството и политиката, залиена со неговата самобендисаност и аздисаност ќе го турне во политичка провалија. Но, ќе мораме да внимаваме да не ни ја повлече и државата со себе во таа провалија“, реагира поранешниот претседател на СДСМ и експремиер, Зоран Заев.
„Најостро и категорично ги отфрлам лагите и клеветењата од Мицкоски за наводни “куферчиња со пари од поранешен премиер од Бугарија” како невистини и како очаен обид на неспособниот премиер да го пренасочи вниманието на јавноста од неговите неуспеси кон неговите измислици.
А, кога сме веќе кај куферите, видовме во снимките што сами си ги пуштија во јавност дека експерти за куфери со пари се токму неговите поддржувачи и финансиери. Оние за кои се фалеше дека му ги плаќале сметките за струја во Белата палата, оние несудени бугарски конзули и осудени криминалци пуштени да се бранат од слобода за да ја напаѓаат опозицијата“, додава Заев.
Македонија
„Филипче и СДС, по теркот на нивниот гуру Заев, се спремни за ново предавство за спас на кариерите“, велат од ВМР0-ДПМНЕ

„Филипче и СДС, по теркот на нивниот гуру Заев, се спремни за ново предавство за спас на кариерите. Заев со Бугарија, освен фирмите и бизнисите, го спојува и црвената жица, онаа македонската која ја продаде за куферчиња полни пари, а сега Филипче сака истото да го направи. Се е исто и прочитано“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Филипче за спас на неговата кариера и спас на неговиот гуру е спремен да го продаде и она малку достоинство и интегритет што ни го оставија, за да ги спаси бизнисите во Бугарија.
Црвените линии на Филипче се подарок за Бугарија, односно бонбона бизнис од СДС за Бугарите.
ВМРО-ДПМНЕ тоа нема да го дозволи. Наш интерес е македонскиот народ“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
„Водовод“: Поради прекини на струја дојде до два дефекти истовремено на главната водоводна линија

ЈП Водовод и канализација – Скопје известува дека поради повеќе краткотрајни прекини на снабдување со електричната енергија во регионот кај бунарите на Лепенец, предизвикана е варијација на притисокот на пумпниот систем од бунарите кон градскиот цевковод од каде се дополнува водоснабдителниот систем.
Како резултат на прекините на мрежата на електрична енергија, настанати се 2 дефекти истовремено на главната водоводна линија Ф-600, како и дефект во шахта на Ф-400 на еден од бунарите.
„Поради овие дефекти, во неколку населени места од градот дојде до прекин на водоснабдувањето, но по брзата рескција на нашите екипи водоснабдувањето постепено се стабилизира со цел да се избегнат нови појави на дефекти и дополнителни оптоварувања на системот. Екипите на ЈП Водовод и канализација веднаш излегоа на терен и работат интензивно на санација на дефектите, со цел во најкраток можен рок да се обезбеди целосна нормализација на водоснабдувањето“, се наведува во соопштението на ЈП Водовод и канализација – Скопје.