Македонија
Променливо облачно време со максимална температура до 21 степен

Денеска, во текот на претпладневните часови времето ќе биде променливо облачно, во северните делови со слаб локален дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено по должианата на Повардарието. Во текот на денот облачноста ќе се намалува. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13, а максималната ќе достигне од 13 до 21 степен.
Во Скопје претпладне променливо облачно со услови за слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Попладне облачноста ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 16 Целзиусови степени.
Во наредните денови времето ќе биде сончево со мала до умерена, а на места, особено во северните и источните делови, повремено значителна облачност со услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, особено по должината на Повардарието.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
До среда ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (локално над 60 km/h), а температурата ќе се задржи под просекот за овој период од годината. Од четврток времето ќе биде стабилно и суво со пораст на дневната температура.
Македонија
Сериозен дефект на водоводна цевка во Влае, голем дел од Скопје без вода

ЈП Водовод и канализација извести дека вечерва поради сериозен дефект на водоводна цевка Ф600мм. на улицата Франце Прешерн 100Д во населба Влае со прекинато водоснабдување ќе биде голем дел од градот, а останатот дел од градот ке биде со намален притисок.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности.
Македонија
Мицкоски: Струмица е град на гуруто на Филипче, но времињата се менуваат, народот ќе победи, Струмица ќе победи

20 години Струмица чекаше на промени кои, еве, ви велам дека ќе се случат. Кога ве гледам во овој голем број, знам дека тука ќе победиме. А ќе победиме затоа што Струмица крева глава, се ослободува од стегите кои две децении ја заробија во она што се вика фамилија која го запоседна градот. Ја заробија во еден затворен круг на фирми, луѓе, поединци и бизниси кои живеат на грбот на струмичани. Тие станаа милионери, народот остана сиромашен. Тие градат згради во Дубаи, народот остана разочаран, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Струмица.
Според Мицкоски предолго траеше овој процес, предолго беа заробени надежите, среќата и очекувањата на луѓето, им беше одземено правото на иднина.
„И на овој зачаран круг сега му дојде времето на промените. А промените овде се природен процес, последица и рефлексија – одговор на народот на она што го видел и претрпел низ годините. Од тука, од Струмица, со години се водеа најголемите зделки што ја уништуваа Македонија. Од тука тргнуваа политичките комбинации што ја оставија државата заробена и граѓаните разочарани. Ова е градот на гуруто на Филипче, човекот кој ја симболизираше целата таа мрежа на криминал, корупција и лични интереси.
Денес, неговиот наследник Венко Филипче често доаѓа овде – не за да понуди визија за иднината, да земе инструкции од Заеви. Нè убедуваа дека ова е непобедливо упориште на СДСМ, дека тука нема промени. Но времињата се менуваат. Еве нè, тука исправени со вас, од убавата и горда Струмица. Дојде денот кога тие ќе паднат, а народот ќе победи. Струмица ќе победи“, кажа Мицкоски.