Македонија
Променливо облачно време со сончеви периоди
Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и релативно топло.
Ќе дува умерен, наместа засилен ветер (над 60 км/час) од јужен правец, што ќе услови понатамошно топење на снежната покривка на планините, информираат од УХМР.
Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 19 степени.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и релативно топло. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне 18 степени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Aхмети тврди дека со челниците на „Вреди“ во јануари потпишале декларација дека ќе владеат само со партии што поддржуваат уставни измени
ДУИ тврди дека и првите луѓе на коалицијата „Вреди“, со кои ВМРО-ДПМНЕ договара коалицирање во новата Влада, се потписници на декларација во која уверуваат дека ќе владеат заедно само со оние политички партии кои се согласуваат да ги поддржат уставните измени.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети на денешниот собир на претставниците и членството на коалицијата рече дека декларацијата била потпишана во јануари годинава.
Во неа, се наведува дека почетокот на преговорите со Европската Унија (ЕУ) носи стратешки и значајни придобивки за нашата земја, а потписниците со обединет глас се придружуваат да одговорат на итната потреба за решавање и стабилност во земјата.
„За овие цели ние како политички партии изјавуваме: ‘Ние, долупотпишаните политички партии, имајќи ја предвид состобата во која се наоѓа државата и должноста што jа имаме кон граѓаните, чувствуваме обврска да изјавиме дека сме целосно решени, сега и во иднина да соработуваме и да владееме заедно само со оние политички партии кои се согласуваат да ги поддржат уставните измени како услов за продолжуванье на процесот на интеграција на земјата во ЕУ. Потписи на партиски претставници (наредени по азбучен ред): Арбен Таравари, Африм Гаши, Али Ахмети, Билал Касами и Изет Меџити“, стои во документот што го објави Ахмети.
Претпладнево се случи првата рунда на преговори помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Влен, по којашто партиите соопштија дека ги договориле општите начела за идната Влада, која ќе се базира на три постулати: евроинтеграции, забрзан економски развој, борба против криминалот и корупцијата и владеење на правото.
Од тука додадоа дека двете страни ќе формираат работни групи, на кое ниво ќе продолжат разговорите за коалицирање.
Во изборната кампања, ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ излегоа со различни ставови за уставните измени, но во повеќе наврати беше потенцирано дека разговорите на таа тема ќе бидат ставени на маса по завршувањето на изборите.
Македонија
„Договорени се општите начела за идната Влада“ – заврши средбата на ВМРО-ДПМНЕ со Влен
Денеска беше остварена средба помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН. Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беа присутни претседателот Христијан Мицкоски, потпретседателите Александар Николоски, Владо Мисајловски, Тимчо Муцунски и Гордана Кочоска Димитриеска, како и шефот на кабинет на претседателот Владимир Нелоски, од страна не ВЛЕН беа присутни Арбен Таравари, Изет Меџити, Биљал Касами и Африм Гаши.
„Договорени се општите начела на соработка за идната влада, која ќе се базира на три постулати: евроинтеграции, забрзан економски развој, борба против криминалот и корупцијата и владеење на правото“, објави ВМРО-ДПМНЕ по средбата.
Заклучено е дека двете страни ќе формираат работни групи, на кое ниво ќе продолжат разговорите до нивно финализирање.
Македонија
Мицотакис ја повика новата Влада да го почитува преспанскиот договор: „Ако не се случи тоа, ќе имаме проблем“
Грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис, во интервју за грчката телевија „Алфа“ повика на почитување на Преспаснкиот договор, од страна на новата Влада.
„Истите барања постојат и сега од новото раководство на Северна Македонија. Сакам да се надевам дека она што се слушаше пред изборите нема да биде официјален став на новата влада по изборите. Затоа што ако тоа се случи, ќе имаме проблем“, рече Мицотакис, коментирајќи го тоа што ВМРО-ДПМНЕ во слоганот го користеше името Македонија.
Тој рече и дека со загриженост ги следел изјавите на функционерите на ВМРО, а сега со голем интерес го чека официјалниот став на новиот премиер за да види на кој начин ќе се осврне на името на државата.
Мицотакис додаде и дека тој лично не се согласувал со договорот од Преспа, а особено не се согласувал со, како што вели, агресивното дефинирање на македонската нација и јазик.
„Договорот сепак го прифатив во контекст на континуитетот на државата. Сфатив дека морам да го почитувам“, рече Мицотакис.