Македонија
Променливо облачно време со температура до 12 степена
Времето денеска ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен правец, информира УХМР.
На пониските места ќе има услови за локален слаб дожд, а на повисоките места и на планините со слаб локален снег.
Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12 степена.
Во Скопје променливо облачно со повремен слаб дожд. Максималната температура ќе достигне 8 степени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска сончево и релативно топло, од понеделник засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност која попладне ќе се зголеми.
Ќе дува слаб претежно северен ветер.
Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла.
Минималните температури ќе се движат од -3 до 6, а максималните од 8 до 17 степени Целзиусови.
Во Скопје претпладне со појава на магла, во текот на денот сончево со мала до умерена облачност поголема од пладневните часови. Ќе дува слаб променлив ветер.
Од УХМР известуваат дека утре ќе се задржи претежно облачно, а потоа кон крајот на денот, во текот на ноќта и во понеделник особено претпладне, ќе има појава на повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од повремен слаб снег. Од понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер, а утринските температури ќе бидат во опаѓање.
Македонија
Јанкулоска: Смртта на Фросина многу ме потресе, но и гневна сум – не е случајно и не е несреќа да возиш 130 км/час на Партизанска
Екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска упати најдлабоко сочувство до семејството и блиските на Фросина Кулакова, која трагично го загуби животот на „Партизанска“.
„Сум видела многу шокантни настани. Низ годините многупати се соочив со смртта на блиски луѓе, роднини, колеги кои животот го загубија на работно место, блиски соработници кои буквално ги снема за миг. Сум видела тела на жртви кои настрадале под различни околности, а некои од нив беа деца. Тие слики времето не може да ги избрише, едноставно не се забораваат. Но, трагичната смрт на 22 годишната Фросина не само што ме потресе туку истовремено ми предизвика гнев“, напиша Јанкулоска на својот профил на „Фејсбук“.
Додава дека јасно е дека секој учесник во сообраќајот свесно или несвесно се случува да згреши па има и несреќи.
„Но, не е случајно и не е несреќа да возиш 130 км/час на Партизанска, не е случајно пијан да си седнеш зад волан и да нагазиш со 80км/час над дозволената брзина во најпрометниот дел од градот, не е случајно залетан да поминеш на црвено и не е несреќа кога некој на 20 години без возачка дозвола дивее по улиците и не ферма ниту правила ниту сообраќајна сигнализација затоа што мисли дека му се може. Тоа е девијантно однесување, криминал, дрскост и исмевање со сите кои се трудат да постават граница меѓу доброто и лошото и мора да има соодветен одговор и реакција“, пишува Јанкулоска.
Македонија
Сиљановска Давкова и оддаде почит на Фросина: Апел за надлежните да го расветлат случајот и да ја задоволат правдата
Советот на млади, со учество на претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска организираше панел дискусија по повод пет години од донесувањето на Законот за младинско учество и младински политики.
Присутните го започнаа настанот со едноминутен молк како оддавање почит за младата Фросина Кулакова, чиј живот прерано згасна.
На денешниот настан, со едноминутен молк оддадовме почит за младата Фросина Кулакова, чиј живот прерано згасна.
Апелираме до надлежните институции што е можно побрзо да го расветлат случајот и да ја задоволат правдата.
Младешкото знаење и креативност може да дојде до израз… pic.twitter.com/RshMcuNCc1
— Гордана Сиљановска Давкова (Gordana Siljanovska) (@gogamkd) January 31, 2025
„На денешниот настан, со едноминутен молк оддадовме почит за младата Фросина Кулакова, чиј живот прерано згасна. Апелираме до надлежните институции што е можно побрзо да го расветлат случајот и да ја задоволат правдата. Младешкото знаење и креативност може да дојде до израз само во безбедно општество“, вели Сиљановска Давкова.