Македонија
Променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, особено попладне

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, особено попладне кога нестабилно ќе биде на повеќе места, локално и во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени. UV=6
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, особено попладне кога во делови од котлината ќе има услови за појава ан невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 31 степена.
До сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи. Процесите ќе бидат поинтензивни и на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи, повремено како локално невреме со пообилен пороен дожд. Од недела ќе има повеќе сончеви периоди и ретка појава на пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја. Најсвежо преку денот ќе биде денеска и во сабота, а потоа температурите постепено ќе се покачуваат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Опожарено возило во Аеродром

Во периодот од 01:40 до 02:40 часот, пожарникарите гаснеле запалено патничко моторно возило, на површина од 2м2 на булеварот Видое Смилевски – Бато, општина Аеродром.
Интервенцијата ја извршиле тројца пожарникари со едно возило. Материјалната штета изнесува 9000 денари, извести Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Македонија
Сарај и Кисела Вода денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
– Во периодот од 08:15 – 14:00 часот дел од село Кондово пред Медреса, општина Сарај;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот делот позади Стаклара, општина Кисела Вода;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот МВ Каменик, с.Усје, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска Кисела Вода и Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и Канализација – Скопје, информира дека денеска ќе има прекин на водоснабдување на улицата Невена Георгиева Дуња поради изведување на водоводен прикључок од Ф100.
Без вода ќе бидат корисниците од улицата Невена Георгиева Дуња, улицата Дренак, улицата Виктор Иго и улицата Драга Стојановска во општина Кисела Вода. Прекинот на водоснабдувањето ќе биде од 09 часот до завршување на санирарањето.
Oд 09 часот поради изведување на водоводен приклучок Ф100 мм на улица Демир Трајко 64а ќе има прекин на вода на следните улици Демир Трајко, дел од улицата Ванчо Мицков и булеварот Партизански Одреди на Крак 1, 3, 5, 7, 9, 11 до завршување на истиот, општина Карпош.