Македонија
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд
Променливо облачно претежно во западните делови со повремени врнежи од дожд, а на планините и понекаде на повисоките места од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, особено изразен по должината на Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -3, а максималната ќе достигне од 4 до 8 степени.
Во Скопје променливо облачно со слаб ветер од променлив правец и услови за појава на краткотраен дожд во делови од регионот. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне 3 степени.
Денеска и во вторник времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на планините и повисоките места, особено во западните делови, врнежите ќе бидат од повремен снег, од што ќе се зголеми снежната покривка. Во пониските места врнежите ќе бидат од дожд и понекаде краткотрајно од снег.
Од денеска ќе почне почесто да дува умерен до повремено засилен јужен ветер, што ќе придонесе утринските и дневните температури да бидат најпрвин во постепен пораст, а дневните позначително кон крајот на работната недела.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Илинден и Центар
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:00 до 13:00 часот, корисниците од улицата 8, улицата 18, општина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 12:30 часот, корисниците од Хотел Буши, дел од улицата Самоилова, дел од улицата Јоаким Крчовски, дел од улицата Прохор Пчински, дел од улицата Алберт Станиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата 8 -ма Ударна Бригада 39, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, вклучително и објектот на Амбасадата на Р.Италија, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Наутро ведро и студено, во текот на денот сончево
Наутро ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со постудени утра и со услови за утринска магла по одделни котлини. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Дневните температури ќе бидат без значителна промена.

