Македонија
Промовирана веб-страница за бесплатна правна помош
Во организација на Советот на Европа и Делегацијата на Европската Унија денеска се одржа официјална онлајн-промоција на веб-страницата www.pravnapomos.mk преку која граѓаните може да се информираат за правото што државата им го дава во вид на бесплатна правна помош.
Министерот за правда, Бојан Маричиќ, истакна дека правниот јазик е често нејасен за голем број граѓани што се соочуваат со тешкотии да ги остварат своите законски загарантирани права, но и дека сиромашните граѓани не можае да ги покријат трошоците во судовите за да решат некој спор од правна природа.
Маричиќ истакна дека преку системот за бесплатна правна помош се гарантира дека граѓаните што се во тешка финансиска состојба може да се обратат до Министерството за правда, до неговите подрачни единици и граѓанските организации и да побараат да им се даде правна помош или да им се обезбеди адвокат што ќе биде платен од буџетот на Министерството.
„Со подобрувањето на пристапот до правда, односно преку информирање и помош за граѓаните како да ги остварат своите права или, пак, со обезбедување адвокат од буџетот на државата – ние се бориме со нееднаквоста во општеството и им покажуваме на граѓаните дека се грижиме за нив. Правната помош постои за да им го подобриме животот на граѓаните што се на маргините на општеството. Правната помош значи дека, без разлика на социјалниот статус – граѓаните ќе бидат еднакви пред судот и дека законот важи еднакво за сите“, рече Маричиќ.
Тој рече дека во текот на утрешниот ден се очекува и огромно намалување на максималната судска такса, која досега беше 48.000 денари, доколку Собранието го изгласа овој предлог. Сега таа ќе се намали осум пати и ќе изнесува најмногу 6.000 денари. Со ова судските трошоци за граѓаните ќе бидат значително намалени, со што правдата ќе стане подостапна за нив.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кисела Вода, Сопиште и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00-13:00 часот дел од улицата Архитект Сотир Томовски, општина Кисела Вода;
· од 09:00-11:00 часот корисниците од село Гврлево, општина Сопиште;
· од 09:00-15:00 часот корисниците на ул. 101 во населба Волково, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, во утринските часови повремен локален дожд, а во текот на денот кратки сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските часови со повремен локален дожд, а во текот на денот со кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските часови и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во почетокот на новата седмица врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и на некои од повисоките места.

