Македонија
Промовирана новата поштенска марка „Скопје се сеќава 1963 – 2023“
Програмата за развој на Обединетите нации во партнерство со АД „Пошта на Северна Македонија“ ја промовира новата поштенска марка „Скопје се сеќава 1963 – 2023“, издадена по повод одбележувањето шест децении од разорниот скопски земјотрес.
По иницијатива на УНДП, поштенската марка е испечатена во 6.000 примероци по дизајн изработен од Лоран Куфало, со препознатливиот стилизиран мотив на часовникот на Старата железничка станица и специјалното изработено лого по повод јубилејот. Марката е достапна во продавницата на филателијата при „Пошта“ во Скопје со номиналната вредност од 36 денари.
„Новата поштенска марка изработена во партнерство со АД ‘Пошта; е во состав на активностите на УНДП за одбележување на 60-годишнината од земјотресот во Скопје. Марката ќе остане како сведок на отпорноста на градот Скопје и сигурен сум дека сите љубители и колекционери – филателисти ќе ја препознаат нејзината важност во одбележувањето важни историски моменти за идните генерации“, истакна Армен Григорјан, постојан претставник на УНДП.
Пригодната марка, промовирана денеска, ќе остане своевиден доказ за храброста и надежта на скопјани и за солидарноста што го обедини светот по најголемата катастрофа во поновата историја на градот.
„АД ‘Пошта’ досега има издадено повеќе едиции поштенски марки со скопски мотиви. Така е и денеска кога се сеќаваме на огромната катастрофа. Шеесет години подоцна, ни беше особено задоволство што имавме можност да работиме и за овој значаен јубилеј на нашиот главен град“, изјави Бујаре Абази, генерална директорка на АД „Пошта на Северна Македонија“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

