Македонија
Протест на ВМРО-ДПМНЕ в недела во Кочани
ВМРО-ДПМНЕ најави протест за в недела во Кочани. Од таму порачаа дека време е Заев да замине во политичка пензија.
„Срамен е односот на власта кон најгорливиот проблем на граѓаните, загадувањето на воздуухот. Срамен е фактот што власта го игнорира енормното загадување, проблем кој годишно зема илјадници животи. Македонија е убедливо земјата со најзагаден воздух во Европа. Извештајот на Светската здравствена организација посочи дека во Македонија повеќе од илјада граѓани годишно се директна жртва на енормното аерозагадување. Речиси две години власта како на централно така и на локално ниво го игнорира овој проблем. Власта нема решение, иако претходно лажеше дека има детален план како да го реши проблемот со аерозагадувањето. Нивото на загадување на воздухот е повисоко од кога и да е“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму додаваат дека власта треба да обезбеди целосна бесплатна заштита на сите граѓани каде е констатирано дека причината е загадувањето, со особено внимание на децата и хронично болните.
„Загаденоста е алармантна повеќе од 6 месеци во годината, сметаме дека финансиите кои граѓаните ги издвојуваат за лекување се голем товар за нивните семејни буџети во ситуација кога трошоците за се друго во државава стануваат поголеми. Исто така во услови на загаденост над дозволените мерни онцентрации да се овозможи за граѓаните бесплатен градски превоз и повеќе автобуски линии додека трае загадувањето, со што ќе се овозможи значително да се намали загадувањето од издувните гасови на автомобилит“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Граѓаните, додаваат од партијата, се директни жртви на неспособноста на власта.
„Директни жртви на црнилата кои и буквално надвисна над Македонија. Црнилата кои земаат илјадници животи секоја година. Нема проблем во светот кој не може да се реши, доколку постои волја и знаење. Власта досега покажа дека нема ниту волја ниту знаење како да го реши овој проблем, токму поради тоа време е да си замине. Време е Заев да замине во политичка пензија. Падот на криминалниот картел од власта предводен од Зоран Заев е неизбежен. Токму поради ова сите оние кои сакаат ова зло што порано да си замине, нека ни се приклучат во борбата. Во недела нека ни се приклучат на протестот во Кочани како и наредната среда пред владата. Зората ќе изгрее и ќе ги однесе црнилата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма
Иновативната формулација на „Алкалоид“ АД за лекот со додадена вредност „Омепразол“ во течна форма, готов за употреба, прва од ваков тип во светски рамки, е прогласена за „Патент на годината за 2023“ од Државниот завод за индустриска сопственост, во рамките на пригодното одбележување на Светскиот ден на интелектуалната сопственост – 26 април.
Меѓународната патентна пријава на „Алкалоид“ за „Oмепразол“ во течна форма беше поднесена на 17 април 2020 година, со опфат на голем број региони и земји, меѓу кои земјите од Европската Унија, САД, Канада, Кина, земјите од Евроазиската економска унија и други. Патентната пријава при Европскиот завод за патенти, чии ингеренции опфаќаат патентни активности во 39 земји во Европа, беше одобрена на 3 август минатата година и валидирана во триесетина земји, меѓу кои и Македонија.
Патентот на „Алкалоид“ АД ја заштитува течната фармацевтска дозна форма на „Омепразол“, која се базира на два посебни раствори содржани во двокоморско пакување, кое при отворањето автоматски ги меша двата раствора и така се добива готовиот течен омперазол за употреба. Овој препарат е наменет, пред сѐ, за третман на рефлуксен езофагитис и на гастроезофагеалната рефлуксна болест (ГЕРБ) кај малите деца кои не можат да голтаат таблети, како и кај возрасните пациенти кои имаат тешкотии со голтањето (пациети со дисфагија) и неможност за голтање (пациенти со поставени сонди за гастрично хранење и/или геријатриски пациенти).
Државниот завод за индустриска сопственост е основан на 1 декември 1993 година како самостоен орган на државната управа и е надлежен за вршење на работите во врска со стекнувањето и со заштитата на правата од индустриска сопственост кои опфаќаат патенти, индустриски дизајни, трговски марки и ознаки за потеклото на производите. Оваа институција триесетта година по ред традиционално организира активности во насока на афирмација на улогата на индустриската сопственост во поттикнувањето иновации и креативни творби.
ПР
Македонија
Први и шести мај неработни за сите граѓани на Македонија, трети мај за граѓаните од православна вероисповед
Министерството за труд и социјална политика, согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07) соопштува дека:
1 мај 2024 година (среда), Денот на трудот е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.
03 мај 2024 година (петок), Велики Петок, петок пред Велигден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија.
06 мај 2024 година (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.
Министерството за труд и социјална политика на граѓаните им ги честита престојните празници.
Македонија
(Видео) Сајкоски: Да донесеме уште поголема победа на 8 мај за просперитетна влада на ВМРО-ДПМНЕ
„Денес продолжуваме со активностите тука во Охрид, вчера поминавме прекрасни митинзи со огромна поддршка од граѓаните. Останаа уште неколку денови“, рече Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 5 и ги повика сите да се приклучат и да донесат уште поголема победа во вториот круг.
„Сакам да ја изразам мојата благодарност и горд сум на тоа што го направивме во првиот круг, што ја дадовте вашата огромна поддршка за нашиот кандидат за претседател Гордана Силјановска Давкова.
Сакам да ве повикам и во вториот круг референдумски да излеземе за да можеме да ја реализираме Платформа 1198, за да може да реализираме многу проекти за регионов и нашава држава, да донесеме подобар економски развој и раст, да донесеме подобро образование и здравство, да донесеме подобар живот за сите. Затоа на 8 мај излезете сите да се активираме да кажеме НЕ за ова што се случуваше досега и да дадеме шанса за просперитетна влада која ќе ја носи Македонија напред“, изјави Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 5.