Македонија
Протест на „Петоци за иднината“ во Скопје: Граѓаните ќе седнат на улица во очекување закон за отпадот

Младинското движење за климатска правда „Петоци за иднината Скопје“, за утре, во 15 часот, најавува протест пред Собранието, каде што, како што велат, ќе побараат крај на фарсата што партиите деновиве им ја сервираат на граѓаните во врска со законот за отпад.
„Протестниот собир ќе има централен перформанс – симболично седнување на улицата, кое ќе ја претставува чекалницата во која се наоѓаат граѓаните додека се донесе решение за секојдневното труење од согорување отпад. Ќе седиме, но не со скрстени раце, затоа што долгата битка, која минатата есен ја нарековме зелена револуција, продолжува во 2020“, најавуваат од ова движење.
Од таму нагласуваат дека властите досега не исполниле ниту еден процет од списокот со барања на коалицијата „Зелен фронт“, а калкулирањето со законот за отпад, чиј рок за донесување беше крајот на минатата година, според нив, само потврдува дека животната средина е на дното на листата на приоритети.
„Наместо политичките лидери веднаш да преземат мерки за спречување на оваа закана за здравјето на своите избирачи, тие купуваат време со патетични изговори зад кои многу веројатно се кријат интересите на олигархијата во државата“, велат од „Петоци за иднината Скопје“ истакнувајќи дека за граѓаните, а особено за младите, животната средина е највисокиот приоритет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Влен“: Јавните прашања за Али Ахмети сè уште неодговорени!

„Селотејп коалицијата Таравари-Села-Ахмети, засрамена од поразот што ги очекува на 19 октомври, веќе се договори со анти-ЕУ и анти-НАТО партијата на Апасиев. Ова е најголемото демаскирање по 20 години ветувања за интеграција, денес тие стануваат партнери со Левица само за парче власт“, велат од „Влен“.
„Али Ахмети сè уште ѝ должи на јавноста одговори на јавните прашања: Зошто го толериравте градоначалникот на Липково да краде и да ги труе жителите со арсен? Зошто продолжувате да ги заштитувате луѓето прогласени за „нон грата“ од САД за корупција? Кога беше вашата последна средба со кој било релевантен меѓународен фактор?
Светот веќе знае кој е ДУИ. Само овие, со методите на оној што избега од правдата за корупција, мислат дека сè уште можат да ги измамат Албанците. Но, на 19 октомври, одговорот ќе биде јасен и заслужен“, соопштува „Влен“.
Македонија
Улица во Кисела Вода денес без струја

Корисниците на улицата Кумановска во општина Кисела Вода денес ќе останат без електрична енергија во периодот од 12:00 до 15:00 часот, информираат од ЕВН Македонија АД.
Прекинот е најавен поради технички зафати на дистрибутивната мрежа.
Македонија
Денес сончево и топло, од четврток промена на времето

Утрото ќе биде ведро и посвежо, а преку денот се очекува претежно сончево и топло време, со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе се движат од 6 до 14 степени, додека максималните ќе достигнат од 27 до 33.
Во Скопје ќе преовладува сончево време, со утринска температура до 12 и дневна до 33 степени, информира УХМР.
До среда ќе се задржи стабилно и топло време. Од четврток попладне следува период на променливо облачно време со локални врнежи. Во петок се очекуваат и гремежи, како и умерен до засилен југоисточен ветер.
Температурите ќе бидат во постепено опаѓање, особено за време на викендот.