Македонија
Пунктовите за вакцинирање ќе работат и викендов

Пуктовите за вакцинирање во „Јане Сандански“, „Бит пазар“ и „Букурешт“ ќе работат денеска и утре во две смени, во периодот од 7:30 до 19 часот. Како што информира Министерството за здравство во понеделник, на 7 јануари, пунктовите ќе работат само прва смена од 7:30 до 13 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ОКТА со поддршка на Црвениот крст во борба против гладот, 16 години со заедничка цел

ОКТА АД – Скопје повторно, 16-та година по ред, ја потврдува својата долгорочна посветеност кон општествено одговорното делување преку поддршка на кампањата на Црвениот крст на Град Скопје „Помислете на нас“. По повод обележувањето на 16 октомври, Светскиот ден на борба против гладот, иницијативата има цел да ја подигне свеста за важноста на борбата против оваа негативна појава, како и да обезбеди директна помош за социјално ранливите категории граѓани.
Во рамки на кампањата која ќе се одвива од 16 до 22 октомври оваа година, компанијата обезбедува финансиски средства за подготовка на пакети со прехранбени производи, кои ќе бидат дистрибуирани до семејствата и лицата кои се соочуваат со социјални и економски предизвици.
„Поддршката на кампањата ‚Помислете на нас’, за нас во ОКТА претставува не само финансиска помош, туку и конкретен израз на солидарност и грижа за оние на кои таа поддршка им е најпотребна. Секој пакет кој ќе стигне до граѓаните кои се во социјален ризик е потсетник дека заедно можеме да направиме вистинска разлика и да изградиме општество во кое солидарноста е вредност што сите ја споделуваме“, изјави Антонио Велковски, претседател на организацијата на Црвен крст при ОКТА.
Кампањата „Помислете на нас“ е дел од традиционалното обележување на Светскиот ден на храната, иницијатива што има цел да ги потенцира напорите за намалување на гладот и сиромаштијата на локално и глобално ниво.
Компанијата преку оваа иницијатива и долгорочната соработка со Црвениот крст, ја покажува својата одговорност и посветеност кон заедницата и го потврдува својот статус на доверлив партнер на Црвениот крст, активно придонесувајќи кон хуманитарни активности, со фокус на директна поддршка, кои овозможуваат повисок квалитет на живот на најранливите членови на заедницата.
(ПР)
Македонија
Ѓорѓиевски и Мециновиќ ќе се соочат на дебата

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ја прифати поканата за телевизиска дебата со својот противкандидат Амар Мециновиќ од Левица, која до него ја доставила Канал 5 телевизија.
„Граѓаните заслужуваат отворена и аргументирана дебата, во која секој кандидат ќе ги претстави своите визии, програми и решенија за иднината на Скопје“, изјави Ѓорѓиевски, нагласувајќи дека транспарентноста и почитта кон граѓаните се темели на вистинска демократија.
Тој додаде дека ова е прва телевизија со национална концесија што упатила официјална покана за дебата.
Партијата Левица по влезот во вториот круг на локалните избори го повика Ѓоргиевски да се соочи со Мециновиќ на телевизиска дебата.
Вториот круг од локалните избори за градоначалник на Скопје ќе се одржи на 2 ноември.
Македонија
Првата конференција за развој на видео игри во Македонија успешно го испиша своето прво поглавје

На 16 октомври во Македонскиот народен театар се одржа првото издание на Game Dev Rev, првата интернационална конференција целосно посветена на индустријата за развивање видео игри во Македонија.
Настанот го организираше Асоцијацијата на македонската индустрија за видео игри – МГИ, со поддршка од Министерството за култура и туризам на Република Македонија, Western Balkans Fund, како и со учество и поддршка на бројни домашни и регионални партнери.
Конференција која ги поврза регионалните креативни сили
Настанот го отвори Министерот за култура и туризам на Македонија, господинот Зоран Љутков, кој ја нагласи поврзаноста меѓу креативноста и културната политика, истакнувајќи дека: „И двете започнуваат со идеја што може да прерасне во нешто големо.“ Тој ја пофали иницијативата на МГИ за организирањето на оваа конференција и се заложи дека Министерството ќе продолжи да ја поддржува и понатаму, и ја охрабри младата генерација да сонува, создава и соработува. На ова се надоврза Директорот на Европската федерација на гејм девелопери, господинот Јари-Пекка Калева и изјави: „Македонската гејм дев заедница можеби е мала, но е полна со талент и страст – две работи што можат да те одведат далеку во оваа индустрија. Чест ми е да објавам дека МГИ стана дел од Европската федерација на развивачи на видеоигри (EGDF). Верувам дека со меѓусебна поддршка и отворени можности, Македонија може да стане центар што не губи, туку привлекува таленти.“
На Game Dev Rev 2025 присуствува претставници од повеќе државни институции, амбасади и невладини организации, а привлече повеќе од 350 посетители – студенти, млади (и возрасни) професионалци, независни студија и компании од регионот, кои имаа можност да следат предавања, панел дискусии, Fireside chat и Indie Expo зона. На сцената говореа врвни експерти од Америка, Јапонија, Турција, Европа, Македонија и регионот.
Еден од централните моменти беа говорите на Илари Куитинен (Финска), Кејт Едвардс (Америка), Кеи Хироки (Јапонија) на кои, како ветерани со повеќе од 30 години искуство и работа во гејм девелопментот, им беше доделено и признанието „Eternal Legacy Award“ за исклучителен придонес во глобалната гејм дев индустрија. Исто така особена заинтересираност и
посетеност привлече и панелот “Game Divas: Empowering Women in the Gaming Industry”, посветен на жените во гејминг индустријата, а финансиран од Western Balkans Fund.
Прв чекор кон иднината на македонскиот game dev
Game Dev Rev 2025 го означи почетокот на ново поглавје – создавање на национална платформа за контакти, соработка и образование во гејминг секторот. Покрај конференцијата, програмата вклучи и VIP networking активности, културна тура низ Скопје, и пост-конференциска прошетка по Кањон Матка и пештерата Врелo.
Организаторите најавија дека Game Dev Rev 2026 ќе се одржи повторно, на 15 октоври 2026, со амбиција настанот да прерасне во традиционален регионален форум за развој на видеоигри и креативни технологии.