Македонија
Пуштена во употреба новата жичница во ски-центарот Попова Шапка
Во Ски-центарот Попова Шапка денеска беше пуштена во употреба новата шестоседа жичница со капацитет од 2.400 скијачи на час.
На настанот присуствуваше претседателот на Владата, Оливер Спасовски, придружуван од потпретседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците – Садула Дураки, министерот за економија – Крешник Бектеши, министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија – Хисен Џемаили, генералниот директор на АД ЕСМ – Васко Ковачевски и управителот на „ЕЛЕМ турс“ – Џемаиљ Јусуфи.

Спасовски наведе дека освен новата жичница, Попова Шапка ќе добие и три километри нови скијачки патеки, кои дополнително ќе ја збогатат понудата на ова зимско одморалиште.
„Попова Шапка е еден од најдобрите капацитети со најголеми можности. Центар што би требало да биде знаменосец во развојот на туризмот во Република Северна Македонија и во тој правец треба да се заложиме сите, и Владата и локалната самоуправа“, истакна премиерот Спасовски.
Исто така, Спасовски соопшти дека се преземаат чекори за ревитализација и се изготвуваат анализи како и во која насока треба да се развива овој туристички центар.
Министерот за економија, Крешник Бектеши, истакна дека ова е една од најважните инвестиции на АД ЕСМ и на Владата.
„Ние во последните две и пол години покажавме дека се грижиме за Попова Шапка. Освен оваа инвестиција што денеска ја пуштаме во употреба, треба да ја напоменам важноста на реконструкцијата на патот Тетово-Попова Шапка што им олеснува на туристите и граѓаните да ја посетат оваа туристичка дестинација. Ние како Министерство за економија гледајќи ги статистичките бројки може да кажеме дека сме во вистинска насока за привлекување странски и домашни туристи. Бројките покажуваат дека имаме раст од над осум отсто споредено со 2018 година“, наведе министерот Бектеши.
Тој нагласи дека Владата ќе продолжи и понатаму да креира вакви мерки со цел да обезбеди што подобри услови и подобра инфраструктура за развој на современи туристички центри, преку кои ќе се подобри целата економија и локалниот раст.
На настанот се обрати и генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, кој истакна овој проект е почнат во 2014 година, а првите активности на терен стартувале во 2016 година.
„По неколкугодишен застој на крајот од 2018 и почетокот на 2019 година со доаѓањето на новиот менаџмент во АД ЕСМ и со моето доаѓање во месец септември, заедно со работната група која беше задолжена за имплементација на овој проект, буквално преку секојдневни активности со инвеститорот и со изведувачите успеавме до крајот на 2019 година да го завршиме овој проект“, истакна Ковачевски.
Тој подвлече дека иако примарната дејност на компанијата АД ЕСМ е производството на електрична енергија, сепак преку ваквите инвестиции компанијата презема активности во правец на општествената одговорност и поддршката на заедницата.
Директорот Ковачевски информираше дека проектот е вреден над девет милиони евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски.
„Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги бара две години, Мицкоски нуди само изолација и анти-ЕУ кампања. Преку 70% од граѓаните сакаат ЕУ – а тој зборува за „булинг“ и „прва и втора лига“. Тоа не е булинг, тоа е последица од неисполнување на обврските: правда, слобода на медиуми, борба против корупција. ВМРО секојдневно создава конфликти со соседите а на критиките од Брисел одговара со напади врз ЕУ. Затоа нема напредок, затоа 5 тони дрога излегуваат преку македонската граница неказнето, затоа судството и обвинителството се под контрола, а медиумите се задушени преку моделот на Орбан. Европа ни даде јасна шанса до 2027, заедно со регионот! Црна Гора и Албанија напредуваат. Ние? Само ако престанеме со оваа политика на изолација што намерно ја турка Мицкоски. Мицкоски ВМРО не сакаат ЕУ – сакаат да крадат на тендери без надзор. Тоа не е европска вредност. Тоа е криминална вредност. Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски“ стои во реацијата на претседателот Филипче.
Македонија
(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница и со граѓаните како главен приоритет се посочуваат реформите и нивната реализација.
„Тоа е она што е главен фокус и приоритет на оваа Влада. Реформи и испорака. Се разбира дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во државата мора да се однесува одговорно кон граѓаните, иако после локалните избори и оној апсолутен триумф, политички гледано нас ни одговара да има предвремени парламентарни избори, но и покрај сето тоа нашиот приоритет и фокус е испорака и реформи за подобар живот и стандард на граѓаните“, истакна Мицкоски.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев
Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ристо Катевеновски, поранешен судија на Врховниот суд тврди дека бил разрешен поради тоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашните власти СДС и ДУИ. На судско рочиште судијата Катевеновски истакнал дека нема да даде позитивно мислење во случајот поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, и дека ќе биде потребно да се разговара со неговите колеги за понатамошно дејствие. Но, по само еден ден од оваа дадена изјава на Катевеновски, кој вели дека била дадена зад затворени врати, Судскиот совет свикал итна седница на која тој бил разрешен. Сведоштвото на Катевеновски води кон тогашните власти, а како што вели тој – неговото разрешување дошло од СДС и ДУИ, или во превод од Зоран Заев и Али Ахмети“, рече Манасиевски.
Тој истакна дека „правдата и вистината која Заев ја ветуваше кога дојде на власт се покажа како селективна“.
„Но, она што е клучно е тоа дека повторно добиваме сведоштва за притисокот на СДС и ДУИ, кон правосудните органи. Она кое ние го говориме во јавноста со години, сега веќе и се потврдува. Тие биле оние кои одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одреден случај. СДС и ДУИ си ја партизираа државата и нејзините институции. ВМРО-ДПМНЕ тоа повеќе нема да го дозволи повеќе. Потребна е одговорност!“, заклучи Манасиевски.

