Македонија
Работни групи на НАТО ќе ја посетуваат земјата на секои две-три недели
Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска ја прими делегацијата на НАТО предводена од Џејмс Мекеј, директор на Евро-атлантското и глобално партнерство во одделот за политички и безбедносни прашања во штабот на НАТО во Брисел.
Заев се осврна на актуелната политичка ситуација во земјата и ја презентира подготвеноста на земјата со целосна посветеност и подготвеност да го започне пристапниот процес за членство во НАТО кога на самитот во Брисел земјата ја доби поканата.
Мекеј истакна дека неговата посета на нашата земја има цел да испрати јасна и силна порака дека алијансата го означува почетокот на пристапните разговори и дека во наредниот период на секои две-три недели работни групи на НАТО во различен состав ќе ја посетуваат земјата и со националните тимови ќе ги усогласуваат неопходните политики и стандарди до конечното официјализирање на членството на земјата во НАТО.
Шеф на тимот на НАТО за пристапните разговори со нашата земја ќе биде помошник-генералниот секретар на НАТО, амбасадорот Алехандро Алваргонзалес, а една од главните причини за разговорите на ова високо ниво е желбата да биде организиран брз и ефикасен пристапен процес, соодветно на утврдената временска рамка.
Претседателот на Владата истакна дека целиот овој процес по добивањето на поканата во Брисел е дополнителна мотивација за институциите, за сите во јавната администрација и за граѓаните на земјата, за придонес во оваа фаза, која нè води поблиску до гарантираната безбедност и сигурност во друштвото на земјите членки и сојузници во НАТО, што отвора и перспективи за дополнителен економски развој на нашата земја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

