Македонија
Радев: Владата не успеа да ѝ ја претстави на ЕУ бугарската позиција за Северна Македонија
Бугарскиот претседател, Румен Радев, рече дека спорот со Северна Македонија ја потврдил тезата оти самото доделување бугарско државјанство не е доволно за соработката со бугарските заедници во странство.
„Можете да видите дека граѓаните со бугарски пасош во РС Македонија не се чувствуваат како граѓани со самодоверба. Бугарската влада не успеа да ѝ ја претстави на ЕУ позицијата на Бугарија за РС Македонија“, рече Радев.
На прес-конференција, на која даде отчет за сработеното, Радев најави дека ќе се кандидира за втор мандат. Tој рече дека во оваа бурна година за Бугарија претседателската институција продолжила да ги брани интересите на Бугарите, да биде последната бариера за беззаконието, да работи за модернизација на Бугарија и за интересите на Бугарите во странство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

