Македонија
Радев: Ги издржавме притисоците, патот на Северна Македонија зависи само од дијалогот со Бугарија
Забрзувањето на европската перспектива за Република Северна Македонија зависи само од ангажманот и резултатите во дијалогот со Бугарија. Ова го изјави бугарскиот претседател, Румен Радев, пред почетокот на Европскиот совет во Брисел.
„Сакам да се фокусирам на точката на дневниот ред што ја очекуваа сите европски институции и лидери, а која успеавме да ја отстраниме во последен момент од денешната програма. Постојат причини за ова. За последните месец и половина Бугарија беше до неверојатен притисок од европските партнери, поточно денешниот Европски совет, за почеток на преговорите за членство на Република Северна Македонија“, рече Радев.
Тој истакна дека сите покажувале со прст кон Бугарија по блокадата во мај, но привремената влада вложила големи напори да ја објасни бугарската позиција, одржувајќи бројни состанови и разговори со лидерите на европските институции.
„Верувам дека разбраа дека обвинувањата против Бугарија се неосновани. Имаме јасна позиција да најдеме излез од овој проблем и дека се држиме до сигурни гаранции, до одржливи и неповратни резултати во билатералните односи. Време е да излеземе од семејната дипломатија пред камерите и да се фокусираме на прагматични решенија“, рече Радев.
Според него, за овој месец и половина Бугарија докажала дека, и покрај притисокот врз неа, е одговорна членка на ЕУ и нема да дозволи воведување нови проблеми во Унијата.
„Притисокот ќе продолжи. Докажавме дека можеме да бидеме отворени за конструктивен дијалог и не само тоа – дека можеме да го иницираме дијалогот и да го доведеме на највисоко ниво“, рече Радев.
Бугарскиот претседател е категоричен дека Софија се придржува до критериумите за членство и не можела да ја игнорира дискриминацијата на граѓаните во Северна Македонија, само поради нивното самоидентификување како Бугари, што е спротивно на европските вредности и принципи.
„Нема начин да се каже „да“ пред да видиме одржливи механизми за искоренување на искривената приказна и намерниот однос кон Бугарија – од учебници, музеи, споменици до медиумите и државната политика. „Не можеме да кажеме ‘да’ сè додека не бидеме убедени дека нашиот сосед нема да го гради својот идентитет врз кражбата на бугарската историја“, рече Радев.
Тој додаде дека Бугарија останува отворена за брзи, ефективни билатерални разговори во интерес на граѓаните на двете земји.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се скараа за дрогата која била набавена во Македонија
Опозициската СДСМ денеска со остро соопштение реагираше по заплената на околу пет тони дрога во Србија, наведувајќи дека наркотиците пристигнале преку Македонија и дека станува збор за, како што велат, „картелски скандал од огромни размери“.
Од СДСМ посочуваат дека меѓу уапсените лица има и косопственик на македонска фирма, што, според нив, отвора сериозни прашања за одговорноста на институциите и можната вмешаност на државни структури.
„Како е можно пет тони дрога да поминат преку македонската граница, а Владата да молчи? Без поддршка или затворање очи од структури во власта и институциите, ваков шверц е невозможен“, наведуваат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ возвратија:
СДСM прашуваат како поминала дрогата? Одговорите на овие прашања нека ги постават кај познатиот сопственик на фабрика за марихуана Зоран Заев, независно дали се наоѓа во Струмица или на трошење на пари во сигурниот Дубаи. Директен линк со него има Венко Филипче.
Македонија
Сообраќајот во зимски услови по влажни коловози
Поради врнежи од снег се уште е во сила забраната за тешки товарни возила и автобуси воведена од 9:20 часот утрово на патниот правец крак Шипковица-Попова Шапка, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на остаматите државни патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во Крушево, Попова Шапка и Маврово и на планинските превои Стража и Ѓавато и на патниот правец Берово-Струмица.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 21.11.2025 до 31.03.2026 година се затвора за сообраќај за сите видови возила.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
До 5 февруари пријавување за субвенциониран студентски оброк
Министерството за образование и наука ги информира студентите дека рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година трае од денеска до 5 февруари 2026.
-Правото на субвенциониран студентски оброк може да го користат сите редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од минималната нето плата, но и студентите запишани на постдипломски студии и на интегрирани студии на државните и на приватните универзитети во државата. Студентите кои ги исполнуваат условите, а не аплицирале досега, може да поднесат апликација, електронски преку порталот: https://e-uslugi.mon.gov.mk, соопшти МОН.
Условите и критериумите за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк се достапни на линкот https://mon.gov.mk/mk-MK/konkursi-i-stipendii/konkursi-mon/javen-povik-za-ostvaruvanje-na-pravoto-na-subvencioniran-studentski-obrok-za-akademskata-20252026-godina
-За поддршка при аплицирањето, контактирајте преку е-пошта: [email protected] Студентите на кои им било прекинато правото на субвенциониран оброк, а сметаат дека ги исполнуваат условите, може повторно да аплицираат. Овој рок е, исто така, отворен за студентите кои не аплицирале во претходните активни рокови, информира Министерството за образование и наука.

