Македонија
Радев за Македонија: Не можеме да внесеме нерешени проблеми во ЕУ и да ја легитимираме омразата кон Бугарија
Според бугарскиот претседател Румен Радев, преговорите за Македонија во ЕУ би значеле внесување нерешени проблеми во Унијата и легитимирање на омразата кон Бугарија.
Радев вели дека очекува бугарската влада да се избори за Поглавјето 35 од преговарачката рамка, што ќе ја вклучува целата нивна национална позиција усвоена од бугарскиот парламент како јасно препознатливи критериуми што треба да се следат во текот на процесот на преговори. Сепак, како што вели Радев, ова се чини сè помалку веројатно и има само еден излез – одложување на преговорите додека не се постигне јасен и обврзувачки договор за расчистување на сите билатерални прашања со Република Северна Македонија.
„Членството на РС Македонија во ЕУ е исклучително важно за нашиот регион и Бугарија секогаш го поддржуваше тоа, но ние мора да имаме јасни гаранции дека нашето единство како бугарска нација и културното наследство никогаш нема да бидат доведени во прашање од надворешни фактори.
Како одговорна земја членка на ЕУ, не смееме и не можеме да си дозволиме да внесуваме нови нерешени прашања во ЕУ. Не можеме да дадеме легитимитет на омразата кон Бугарија. Како нација што се самопочитува, 3 години по потпишувањето на договорот за добрососедство, не можеме да гледаме текстови во учебници, музеи, споменици и навредливи и недозволиви формулации во врска со Бугарија. Не можеме да го ставиме под хипотека нашиот национален идентитет“, рече Радев.
Бугарскиот претседател најави и дека на оваа тема ќе разговара денес со својот германски колега.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

