Македонија
Радев: Кога РСМ ќе ги впише сонародниците на Гоце Делчев во Уставот, ќе може да каже дека гради модерно мултиетничко општество

Владата на РСМ може да каже дека гради модерно мултиетничко општество кога ќе смогне сили да ги впише сонародниците на Гоце Делчев во својот Устав, вели бугарскиот претседател Румен Радев во изјава за „Бгнес“.
Тој рече дека властите во Македонија треба да ги убедат своите граѓани, а не Бугарија, дека градат демократска држава во која бугарските клубови не се палат и каде што Бугарите не се изложени на, како што вели, системски терор, физичко насилство и режирани судски процеси.
Радев повторно се осврна на протоколот во преговарачката рамка за влез на Македонија во ЕУ коментирајќи дека во протоколот се учебниците, говорот на омраза, медиумите, отворањето на архивите и извинување за репресии кон уБгарите во историјата, а во тој дел, како што вели бугарскиот претседател, нема прогрес, пишува бугарската новинска агенција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сончево време со локална облачност, следи стабилно време

Сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 13 до 22 степени, информира УХМР.
Во Скопје, претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 20 степени.
Следува период на претежно стабилно време со пораст на дневната температура. Во сабота ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известија дека на ден 10.10.2025 година ( петок ) без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09:00 до 15:00 часот, корисниците на ул.Будимпештанкса и ул. Урош Џудовиќ(општина Карпош)
Македонија
Неколку улици во Кисела Вода денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на Виктор Иго 22, прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици: Виктор Иго, Дренак, Драга Стојановска, Иван Козаров и Невена Георгиева-Дуња.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со работните активности и дека
· поради уличен дефект ф-150мм на улицата Христо Татарчев бб (Теферич), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од 3-та зона Припор.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со работните активности.