Македонија
(Видео) Разбојништво на автопат: Откако забележал дека има пари во автомобилот, го застанал и му зел 73 000 евра
Министерството за внатрешни работи поднесе пријава против 30-годишниот И.И., кој на 12 овој месец украл торба со 73 000 евра од автомобил на автопатот Куманово-Скопје.
Според информациите на МВР, осомничениот го забележал оштетеното лице на бензинска на автопатот каде што забележал дека на совозачкото седиште има торба со пари. Кога оштетениот тргнал од бензинската кон Скопје, И.И. го стигнал со своето возило по што му сигнализирал велејќи му дека мора да застане бидејќи десното задно тркало му е оштетено. Откако оштетениот запрел, и И.И. го запрел возилото по што насилно му ја зел торбата со пари и избегал во непознат правец.
Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, изјави дека полицијата презема мерки за расчистување на случајот. Тој не откри каде се украдените пари односно дали приведениот И.И ги вратил на оштетениот или, пак, на полицијата.
Виктор Јованов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

