Македонија
Разгорен пожарот во реонот Селце – Драгоево, пожарникарите повлечени зашто се слуша пукање на муниција

ЦУК попладнво соопшти дека е добиено известување од РЦУК – Штип дека пожарот Селце – Драгоево на кракот кај АБХО полигон, поради зголемување на температурите и појава на ветер, е разгорен и префрлен преку трасата на гасоводот. На еден дел е сопрен од страна на ТПППЕ-Штип меѓутоа на друг дел има префрлено преку трасата и се слуша пукање на муниција.
Поради загрозеност на безбедноста на екипите од пукање на муниција и густ чад, пожарникарите се повлечени на безбедно растојание. Доколку се во можност ќе продолжаат со гаснењето на пожарот. Од градоначалникот на Штип побарано е дополнителна подршка со градежна механизација за правење пресеци.
РЦУК – Тетово, известува дека пожарот помеѓу селата Челопек и Милетино-Општина Брвеница е локализиран во 16:20 часот. Зафатена беше поголема површина обрасната со сува трева, грмушки и остатоци од ожнеана пченица. Причина за пожарот е човечки фактор односно палење на остатоци од ожнеана пченица и јачмен.
На бројот 112 во Центар за управување со кризи е добиена пријава на пожар на отворено кај Бегово Поле и полициска куќарка кај Бачила и кај Планинарски дом Караџица. Станува збор за непристапен терен и за да се стигне до таму со возила би требало многу време.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци

Од 19:45 часот на магистралниот пат Маврово – Дебар воведена е забрана за тешки товарни возила поради задржување на снег на коловоз, извести АМСМ.
Од 19.55 часот воведена е забрана за тешки товарни возила и за патниот правец Гостивар – Стража, додаваат од АМСМ.
Македонија
Посебен сообраќаен режим утре во Скопје

Од утре петок до сабота, во официјална посета на Р.С.Македонија ќе присуствува претседателот на Владата на Република Србија, Ѓуро Мацут.
Од тие причини Едницата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај на подрачјето на град Скопје.
МВР апелира до граѓаните да се почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Македонија
Судијата за врски на Франција за балканскиот регион во посета на Јавното обвинителство

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска се сретна со францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер, на средба за претставување на новоназначениот судија за врски на Република Франција за регионот Сирил Лакомб.
Тој е еден од вкупно 20 судии за врски на Франција во светот, а од државниот обвинител Коцевски се информираше директно за состојбите во обвинителството. Притоа, судијата за врски Лакомб понуди поддршка со оперативна и техничка помош, но и експертиза преку француските правосудни органи.
Бидејќи и самиот бил јавен обвинител и лице за врски на Република Франција со Европравда, Лакомб се интересираше и за постапката за делегирање на обвинителот за врски на Република Северна Македонија во оваа меѓународна институција.
Јавниот обвинител Коцевски, од своја страна, изрази благодарност за континуираната француска поддршка за работата на Јавното обвинителство.