Македонија
Ракометниот камп „Кирил Лазаров“ до 2 јули во Охрид
Во Охрид почна четвртото издание на ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“ со традиционален пречек на 150 кампери од страна на капитенот на македонскиот национален тим, Кирил Лазаров. Следните две недели повеќе од 300 момчиња и девојчиња од осум земји ќе се едуцираат, дружат и забавуваат со најдобриот македонски спортист и неговиот тим тренери и предавачи.

„Среќен сум што и оваа година ве гледам во голем број. Меѓу вас има деца што се наши редовни кампери, но гледам и многу нови дечиња. Концептот на овој проект е дека сите ние без оглед на возраста, познавањето на ракометот и местото од каде што доаѓаме сме еднакви и функционираме како семејство. Се надевам дека и оваа година ќе ги поместиме границите на добра организација и дека секое дете од кампот ќе си оди со убави спомени. Се потудивме и оваа година децата да работат со најдобрите македонски тренери, со тренери од странство и со предавачи признаени во своите области“, рече Лазаров.

Покрај ракометот, кој ќе биде застапен со двојна програма во текот на денот, нашите кампери ќе имаат можност да учат пливање со лиценцирани едукатори, предавање за здрава исхрана со проф. д-р Ванчо Поп Петровски и спортска психологија со проф. д-р Ленче Алексовска. Во двете смени наш гостин ќе биде четирикратниот олимпиец Лазар Поповски, кој со својот тим ќе им овозможи на најмладите тренинг по кајак, а веќе традиционално едно попладне е резервирано за прошетка со брод и запознавање со убавините на Охрид.

И оваа година ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“ ќе се реализира во комплексот „Аквалина“ на брегот на прекрасното Охридско Езеро од 20 јуни до 2 јули.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

