Македонија
Расте бројот на заразени со грип, досега тројца починати
Од Институтот за јавно здравје информираат дека расте активноста на грипот во државата, евидентирани се вкупно 5.660 новозаболени лица од сите градови во државата, што претставува 74-процентно зголемување. Лабораториски е докажано присуство на инфлуенца тип А и Б. Повеќето од заболените лица припаѓаат на возрасната категорија од 15 до 64-годишна возраст.
„Сите индикатори укажуваат на зголемена активност на вирусот на грип. За овој период од годината е очекувано да имаме тренд на пораст на заболени од грип и овој тренд ќе продолжи во наредната една-две недели по што очекуваме да се стабилизира и да почне да опаѓа бројот на новозаболени“, рече д-р Гордана Кузмановска од Институтот за јавно здравје.
Инаку, досега се регистрирани вкупно три смртни случаи од грип, од кои едно 14-годишно девојче и двајца мажи на возраст од 50 и 85-годишна возраст. Тројцата починати биле невакцинирани, биле лекувани со антиретровирусна терапија и имале многубројни коморбидитети.
„Комисијата за заразни болести редовно ја следи состојбата со грипот во државата и во согласност со стручните препораки забранети се посетите на хоспитализирани пациенти во јавните здравствени установи со цел да се спречи натамошно ширење на грипот. Исто така, Комисијата ја следи состојбата со новозаболени деца во училиштата и во зависност од процените ќе предлага нови мерки и препораки во согласност со состојбата на терен“, велат од Министерството за здравство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

