Македонија
Реафирмирана романската поддршка за почеток на преговорите
Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска ја прими амбасадорката на Романија во нашата земја, Адела Моника Аксинте.
Посакувајќи ѝ успешен мандат, романската амбасадорка Аксинте на вицепремиерката Грковска ѝ ја пренесе подготвеноста за продолжување и зајакнување на соработката во рамките на надлежностите за креирање политики за добро владеење и унапредување на европските реформи.
На состанокот беше истакната определбата на Владата за што посбргу да почнат преговорите на Северна Македонија за членство во Европската Унија потенцирајќи дека тие се многу важни за остварување на бенефитите на сите граѓани во земјата.
На средбата беше реафирмирана романската поддршка за почеток на преговорите на нашата земја за членство на Унијата, при што позитивно беше оценета новата енергија во односите со Бугарија како можност за што побрзо исполнување на европската интеграција.
Соговорничките заеднички се согласија за важноста на европската перспектива на нашата држава, која, како што беше речено, значи охрабрување не само за граѓаните на Северна Македонија туку и за европерспективите на сите други држави од Западен Балкан.
На средбата беше позитивно оценета брзата реакција на Северна Македонија во однос на војната во Украина, усогласеноста со санкциите и мерките на ЕУ, при што беше посочено дека членството во НАТО е најсилната гаранција за безбедноста на сојузниците во регионот.
Беше изразена подготвеност за конкретна соработка во однос на сите важни области и прашања во насока на унапредување и динамизирање на политиките за добро владеење.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

