Македонија
Регионален форум за локална самоуправа во Брисел

Во организација на мисијата на Швајцарија во Европската Унија и на УНДП во Брисел, заменик-министерот за локална самоуправа, Дејан Павлески, ќе учествува во панел-дискусијата ,,Локалната демократија и одржливиот локален развој во Западен Балкан”.
Учесници се и Анкица Тодорович, раководител на секторот за економски развој и европска интеграција во општина Бјелина, Босна и Херцеговина, Јулијана Хоџа, директор на организацијата „Партнери Албанија за промени и развој“, како и директорите на секторите на Европската комисија за граѓанско општество и социјална инклузија и за регионална соработка.
Настанот ќе се одржи во просториите на мисијата на Швајцарија во Брисел, со почеток во 17 часот.Претпладне во 10 часот заменик-министерот Павлески ќе има останок со Лена Андерсон Пенч, директор за европска територијална соработка, макро-региони, ИНТЕРЕГ и спроведување на програмата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Aпсењето на Александар Нацев е доказ дека правда има, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Денешното апсење на Александар Нацев е доказ дека правда има, и таа важи за сите, велат од ВМРО-ДПМНЕ, за апсењето на поранешниот директор од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, кој е под истрага за пожарот во дискотеката „Пулс“.
„Секој кој има било каква инволвираност со трагедијата во Кочани ќе излезе пред институциите, без разлика дали е член на ВМРО-ДПМНЕ, СДС, ДУИ или која било друга политичка партија. Истовремено ги повикуваме СДС да запрат со прекиот суд, кој секој ден го прават, и растураат пердуви без воопшто да има докази за некој“, велат од партијата.
Институциите во случајот Кочани работат посветено и одговорно, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, и за првпат во историјата на државата одговорност има за сите.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Ослободувањето на Мерко е најголем доказ дека со судството и обвинителството раководат СДС и ДУИ

Денес СДС расфрлаат пердуви, лаги и манипулации, се со цел да го покријат срамот на правосудството кое го ослободи Рамиз Мерко, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Денес СДС расфрлаат пердуви, лаги и манипулации, се со цел да го покријат срамот на правосудството кое го ослободи Рамиз Мерко. СДС се пуштени на најјако со разни фабрикации, само да не се зборува за ослободувањето од вина на Рамиз Мерко, нивниот коалициски партнер. Ослободувањето на Мерко е најголем доказ дека со судството и обвинителството раководат СДС и ДУИ“, се наведува во соопштението.
Правниот систем, според ВМРО-ДПМНЕ, е разрушен од судиите и обвинителите кои ги постави СДС и ДУИ, а кои имаат единствена цел да го спасат од одговорност секој нивен функционер кој со години ја ограбувал државата.
Македонија
Приведен бизнисменот Ристо Крмзов, осомничен за финансиски криминал

Полицијата утрово го привела Ристо Крмзов, бизнисмен од Струмица, за кого минатата година во септември беше отворена предистрага за финансиски криминал.
Од Обвинителството велат дека освен Крмзов, приведени се уште две лица.
„Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК полициски службеници реализираа акција во која е обезбедено лице за кое во септември минатата година беше отворена предистражна постапка. Освен ова лице обезбедени се уште две други лица“, соопштија кусо од обвинителството, а повеќе детали најавија за утре.
Крмзов е под истрага поради сомневања за даночно затајување и перење пари.