Македонија
Регионална средба за Пекиншката декларација
Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, денеска присуствуваше на отворањето на регионалниот состанок за следење на напредокот на Пекиншката декларација и Платформа за акција за родова еднаквост (Пекинг +25), што се одржува во Скопје во организација на „UN Women“.
„Во овие три години како Влада направивме максимални напори родовото прашање да биде составен дел на сите политики. Она што е важно дека како држава успеавме да ја ратификуваме Истанбулската конвенција. Но, не застанавме тука. Нејзината имплементацијата е висок приоритет. МТСП работи на воспоставување услуги за заштита од насилство заедно со граѓанските организации и ги развиваме на локално ниво“, истакна Царовска.
Во 2019 година донесени се нови закони за спречување и заштита од дискриминација и за прекинување на бременоста. Обезбедена е вонституционална заштита преку усвојување нов сервисен центар за лица жртви на трговија со луѓе и жртви на сексуално насилство.
Со донесувањето на Законот за минималната плата во 2017 година, првпат минималната плата беше изедначена за работниците во индустријата за текстил, кожа и чевли, во кои најголем процент на вработени се жените.
Од усвојувањето на Пекиншката декларација и платформа за акција, Република Северна Македонија постигна значителен напредок во развојот и имплементацијата на агендата за родова еднаквост. За 2020 година планирана е измена на Законот за еднакви можности на жените и мажите, како и воспоставување на тренинг-центарот за родова еднкавост.
На денешната консултативна средба учествуваат владини претставници одговорни за спроведување на јавните политики за родова еднаквост и зајакнување на жените, граѓански организации, претставници од академската сфера и експерти од Западен Балкан и Турција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забрана за камиони на неколку патни правци поради врнежи од снег
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на повисоките места, во западните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот, извести АМСМ
Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, во Маврово и на планинскиот премин Стража. На планинскиот премин Буково врнежите се од дожд и снег.
Поради врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, како и на патниот правец крак Маврово – Дебар.
На патниот правец Тетово – Попова Шапка е воведена забрана за сообраќај за автобуси, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.
Македонија
Делови од Илинден, Ѓорче Петров и Кисела Вода денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 13:00 часот дел од улицата 19 во населба Илинден, oпштина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 14:00 часот дел од корисниците во населба Волково, поточно улиците: 95, 100, 101, 102 и 103, општина Ѓорче Петров;
· во периодот од 08:30 до 14:30 часот дел од корисниците на улицата Јустинијан Први во село Драчево, поточно делот од Маркет – Вајота кон село Студеничани, општина Кисела Вода;
· во периодот од 09:00 до 14:00 часот дел од улицата Герника, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-125мм на улицата Светозар Марковиќ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Светозар Марковиќ и дел од булеварот Кочо Рацин, вклучително и објектот на Веро Џамбо, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

