Македонија
Регистрирани нови 1.554 случаи на Ковид-19 и 34 починати лица
Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се 4.153 теста, а регистрирани се 1.554 нови случаи на Ковид-19, и тоа: Скопје – 825, Тетово – 82, Куманово – 70, Кавадарци – 62, Битола – 59, Велес – 51, Прилеп – 49, Гостивар – 44, Струмица – 33, Охрид и Гевгелија – по 32, Неготино – 30, Кочани – 21, Штип и Кичево – по 20, Струга – 16, Свети Николе – 15, Ресен – 12, Берово и Валандово – по 10, Радовиш – 9, Крива Паланка и Делчево – по 8, Виница – 7, Кратово – 6, Богданци и Демир капија – по 5, Дебар – 4, Пробиштип, Крушево и Македонски Брод – по 2, Демир Хисар, Македонска Каменица и Пехчево – по 1.
Од вкупниот број позитивни (1.554), регистрирани се 216 реинфекции.
Регистрирани сe 1.843 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 1.227, Битола – 100, Куманово – 63, Кавадарци – 48, Струмица – 40, Прилеп – 34, Велес – 33, Неготино – 29, Штип – 28, Гевгелија и Кичево – по 26, Охрид – 24, Тетово – 21, Кочани, Струга и Ресен – по 16, Радовиш – 14, Валандово – 12, Крива Паланка – 11, Свети Николе, Делчево и Виница – по 8, Гостивар – 7, Богданци и Пробиштип – по 6, Крушево, Македонски Брод и Дојран – по 3, Кратово, Демир Капија и Дебар – по 2, Демир Хисар – 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 22 починати лица: 12 од Скопје (62, 71, 73, 75, 75, 75, 81, 81, 86, 88, 88 и 92), по две од Битола (54 и 80) и од Струга (76 и 84) и по едно од Струмица (66), Штип (67), Прилеп (73), Охрид (81), Свети Николе (84) и од Демир Капија (86). Од пријавените лица, сите се починати во болнички услови.
Во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се дополнително 12 починати лица, и тоа: Гевгелија (2), Гостивар (1), Богданци (1), Радовиш (1), Скопје (1), Македонска Каменица (1), Струга (1), Охрид (1), Свети Николе (1), Прилеп (1) и Кочани (1).
Починатите се на возраст од 59 до 80 година. Од пријавените лица, 7 се починати во болнички услови и 5 во домашни услови. Пријавените лица се починати во периодот од 31.1.2021 до 6.2.2022 години.
Од вкупниот број починати лица (n=34), 18 се целосно вакцинирани, а кај 33 се регистрирани коморбидитети.
Направени се 4.153 теста преку: ИЈЗ – 522, ЦЈЗ Скопје – 86, ЦЈЗ Битола – 90, ЦЈЗ Прилеп – 50, ЦЈЗ Тетово – 8, ЦЈЗ Куманово – 88, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 0, Судска медицина – 2, лабораторија во болницата во Козле – 0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ „8 Септември“ – 0, Институт за микробиологија – 173, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 125, „Авицена“ – 157, „Биотек“ – 198, „Систина“ – 93, лабораторија „Лаор“ – 116, „Синлаб“ – 57, „Ремедика“ – 10, „Плодност“ – 44, „Генеа“ – 10, „Никоб лаб“ – 406, „ВФВ медикал“ – 46, „Ели медика“ – 28, „Ројал медика“ – 23, „Спектра-ММ“ – 46, „Рапид лаб“ – 16, „Жан Митрев Струмица“ – 18, „Нова лаб дијагностика“ – 7, „Рамус“ – 40, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 1.694.
Досега во земјата се направени вкупно 1.830.764 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 282.147, бројот на оздравени пациенти е 261.741, на починати е 8.658, а бројот на активни случаи изнесува 11.748.
Според епидемиолошките анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 129.646, Активни 6.456
Куманово 15.483, Активни 537
Битола 13.472, Активни 584
Прилеп 13.097, Активни 337
Тетово 12.897, Активни 449
Кавадарци 9.593, Активни 511
Гостивар 9.101, Активни 290
Велес 8.859, Активни 348
Охрид 8.235, Активни 278
Штип 7.703, Активни 147
Струмица 7.564, Активни 277
Кичево 5.124, Активни 138
Кочани 4.805, Активни 147
Струга 4.515, Активни 104
Гевгелија 3.987, Активни 170
Неготино 3.395, Активни 174
Свети Николе 2.535, Активни 85
Ресен 2.464, Активни 72
Радовиш 2.388, Активни 111
Крива Паланка 2.278, Активни 62
Делчево 1.847, Активни 67
Берово 1.672, Активни 22
Дебар 1.539, Активни 33
Валандово 1.468, Активни 97
Виница 1.329, Активни 31
Пробиштип 1.269, Активни 11
Богданци 952, Активни 67
Кратово 908, Активни 30
Крушево 848, Активни 12
Демир Хисар 793, Активни 27
Македонски Брод 663, Активни 24
Македонска Каменица 517, Активни 14
Демир Капија 514, Активни 19
Пехчево 442, Активни 11
Дојран 245, Активни 6
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
По 100 дена мандат, Ѓорѓиевски порача: „Скопје повторно почна да дише“
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави отчет за првите 100 дена од мандатот, наведувајќи дека ја презел функцијата во услови на, како што рече, „град на раб на финансиски колапс – празна каса, блокирани сметки, јавни претпријатија со неисплатени плати, систем без дисциплина и долг од речиси 300 милиони евра“.
„Тотален колапс! Институции што одамна престанале да работат во служба на граѓаните“, наведува градоначалникот, додавајќи дека добил доверба од граѓаните и дека „таа доверба нема да биде изневерена“.
Според него, за три месеци се намалени обврските за повеќе од 40 милиони евра преку кратење на непродуктивни трошоци и воведување финансиска дисциплина, а стабилизирана е и исплатата на платите во јавните претпријатија.
Ѓоргиевски информира дека биле отстранети над 600 фиктивно вработени кои со години земале плата без да доаѓаат на работа, како и дека е спроведена акција за чистење во која, како што наведува, учествувале над 2.500 луѓе, стотина возила и биле отстранети повеќе од 4.500 тони отпад за 72 часа.
„Скопје повторно почна да дише“, наведува тој.

Градоначалникот посочува дека се деблокирани клучни инфраструктурни проекти, меѓу кои клучката кај „Момин Поток“, булеварот „Македонија“ со подземната сообраќајница, улиците „Љубљанска“ и „Перо Наков“, како и реконструкцијата на „Фрањо Клуз“.
Почнува изградба на нови кружни текови, булевари и монтажни катни гаражи, како и доизградба на булеварот „Борис Трајковски“.
Во делот на јавниот превоз, наведува дека со поддршка од Владата се работи на модернизација со нови еколошки автобуси и проекти за современ транспорт.
Ѓоргиевски информира и за уредување нови зелени површини, расчистување на Вардариште, изградба на Луна парк, како и за набавка на нов мебел, компјутери, интерактивни табли и прочистувачи на воздух за средните училишта. Посочува дека Скопје останува Европска престолнина на културата 2028.
Во обраќањето тој наведува дека буџетот за 2026 година е повисок и развоен, со рекордни капитални инвестиции во образование, култура, инфраструктура и животна средина.
„Наследивме долгови, но градиме стабилна иднина. Наследивме хаос, но воспоставуваме систем и ред. Наследивме разочараност, но ја враќаме надежта и достоинството“, наведува градоначалникот.
Ѓоргиевски упати благодарност до Советот на Град Скопје, до својот тим и до премиерот Христијан Мицкоски, наведувајќи дека „со дела, како никој во минатото покажа што значи вистинска грижа за граѓаните и вистинска поддршка за Скопје“.
Македонија
Промовирани првите акредитирани учебници по психијатрија
Амфитеатарот на Медицинскиот факултет во Скопје денеска беше полн – претставници од Министерството за здравство, деканот и продеканите на Медицинскиот факултет, раководители на катедри, голем број професори, доктори, специјализанти и претставници на студентски организации присуствуваа на свечената промоција на првите акредитирани учебници по психијатрија, со што се испиша историја во македонската психијатрија.
Уредници на првиот акредитиран учебник „Психијатрија“ се проф. д-р Славица Арсова Хаџи-Анѓелковска, проф. д-р Антони Новотни и проф. д-р Димитар Боневски. Тие се и автори на учебникот „Медицинска психологија и социологија“, заедно со Андромахи Наумовска, виш научен соработник.
Промоцијата на двата учебника ја отвори деканот на Медицинскиот факултет, проф. д-р Светозар Антовиќ, кој рече дека учебниците ќе остават траен белег во наставата по психијатрија и ќе претставува значаен чекор напред во развојот на психијатриската наука во Македонија.
„Ова е историски момент, затоа што се темели на основите поставени од нашите професори од почетоците на психијатријата во Македонија. Ова се први учебници што се акредитирани и имаат академско, научно и практично значење“, рече Арсова Хаџи-Анѓелковска, директорка на Клиниката за психијатрија и автор на учебниците.
„Информации има насекаде, често расфрлани, без контекст, без тежина, без проверка. Учебникот е нешто сосема друго – тоа е знаење, со вткаено искуство, структура, логика, клиничко размислување, сомнежи, одговори, приоритети – тоа е учебникот што се обидувавме да го направиме и се надевам така ќе го доживеат нашите колеги“, рече во своето обраќање проф. д-р Антони Новотни.
Во однос на учебникот по „Медицинска психологија и социологија“, авторите кажаа дека станува збор за издание кое треба да го прочита секој доктор, бидејќи станува збор за водич за целосно разбирање на пациентите – како личност со своја историја, ставови, надежи и ресурси и дека тука лежи суштината на медицинската психологија – во спојот меѓу науката и човечноста.
Во знак на благодарност за минатиот труд и придонес во развојот на катедрата и наставата, директорката на Универзитетската клиника за психијатрија, Славица Арсова им додели благодарници на професорите во пензија од Универзитетската клиника за психијатрија и на рецензентите, за значаен придонес во развојот и унапредувањето на психијатријата.
Со издавањето на новите учебници, заокружени со денешниот настан, македонската психијатрија добива институционална зрелост – формализирана, акредитирана и систематизирана во сопствено академско издание.
Македонија
Сиљановска-Давкова прими претставници на „Стоп за Усје“
Претседателката, Гордана Сиљановска-Давкова, прими претставници на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“, кои ги образложија нивните ставови врзани за влијанието на цементарницата Усје врз квалитетот на воздухот и здравјето на луѓето.
Истакнувајќи ги своите барања, тие укажаа на потребата од воспоставување мерни станици со 24/7 мерење на загадувачките супстанци, целосна транспарентност на добиените податоци, како и усогласување со препораките на Светската здравствена организација за граничните вредности на ПМ10 честичките.
Претставниците на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ споделија компаративни примери од други држави каде што пропишаните параметри се пониски од македонските.
Според нив, наместо да се ангажираат приватни акредитирани лаборатории за независни мерења, треба час поскоро да се забрза процесот на акредитација на државната лабораторија.
За нив, неопходна е поголема институционална поддршка и очекуваат надлежните, доследно, транспарентно и неодложно да ги извршуваат законските обврски во интерес на заштитата на животната средина и здравјето на граѓаните.
Претседателката, пред сè како граѓанка, ја сподели загриженоста за загадувањето на воздухот, почвата и водите, како едно од најгорливите прашања.
Сиљановска-Давкова ги сослуша аргументите и истакна дека со внимание ги следи нивните активности насочени кон поздрава и побезбедна животна средина, како врвен национален приоритет.
Таа потсети дека не случајно го именувала за член на Советот за безбедност, професор и научник од областа на метеорологијата и климатските промени, д-р Спиридонов.
Соговорниците се согласија дека животната средина е заедничка одговорност и стратешка определба, оти е неопходен континуиран дијалог меѓу граѓанските организации, институциите и стопанските субјекти заради креирање одржливи и долгорочни решенија, како и дека Собранието треба, согласно Деловникот, да ги отвори портите за нив во расправата за законите од областа на животната средина и вршењето на надзорната функција.

